Груевски: Заев сака да ги заплаши судиите и да се заштити себе си

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски смета дека целта на изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев за промени во судството „е заплашување на судиите и заштита од постапките коишто се водат против него“.

„Многу е јасно и од авион се гледа дека идејата е да се направи прво заплашување на судиите, а веројатно во глава има некаква промена со цел да се заштити себе си од постапките коишто се водат против него. Под плаштот дека сака да направи реформи сака во најмала рака да ги заплаши судиите,  а доколку има некаква можност да направи некакви промени за неговите пријави коишто се полни со докази да останат нерешени или пак да бидат решени во негова полза, изјави Груевски кој денеска беше во посета на Кратово.

Груевски вели дека реизбор на сите судии е невозможен затоа што Законот за судии е двотретински и ВМРО-ДПМНЕ сигурно нема да се согласи за реизбор на судиите.

„Секоја друга замисла да се стави партиска капа, партизирање на судството  од страна на СДСМ ќе наиде на жестока реакција кај ВМРО-ДПМНЕ, а верувам и кај граѓаните. Не е во ред секое мнозинство во налет на доаѓање да менува судии, да заплашува судии, да се заканува со реизбор на судии за да си остварува свои цели. Да ги заплашува судиите и на тој начин да издејствува некакви одлуки во судството што тие ги посакуваат кога направиле одредени кривични дела и сакаат тоа да помине без казна“, рече Груевски.

Тој е дециден дека таквото нешто не треба да се дозволи и оти таа пракса на СДСМ мора да запре. Тоа, како што потенцираше Груевски,  не е реформа, тоа е антиреформа.  И тоа е нешто со кое што се сака да се партизира судството.

„Во најмала рака ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи реизбор на судиите затоа што за тоа е потребно двотретинско мнозинство“, рече Груевски во Кратово.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе