Грузија, чувај се – ова му е последна шанса на Пандев
Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа на еден чекор до пласман на Европското првенство.
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски вечер во Тбилиси од 18 часот се среќаваат со домашната грузиска селекција во меч кој носи пласман на евро-шампионатот.
Овој меч, воедно е последна шанса за најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев да игра на евро-шампионат.
ФФМ на својата Facebook страница објави фотографии од пристигнувањето на фудбалерите во Тбилиси и првиот тренинг на грузиски терен.