И во Лондон автомобил на тротоар покоси пешаци

Најмалку пет лица се повредени во Лондон утрово кога автомобил покоси пешаци на тротоар, во уште еден од низата слични инциденти во светот кои се случија денеска.

Инцидентот се случил на југоистокот од Лондон, на Бромли Роуд во квартот Белингем. Возачот го качил возилото на тротоарот, собирајќи неколку лица, а потоа удрил во ѕидот на една зграда, пишува Mirror.

Пет лица се хоспитализирани. Двајца мажи и една жена се во критична состојба. Засега не се познати причините за оваа несреќа.

Но ова не е прв случај кога автомобили налетуваат на пешаци последниов ден.

Ноќеска вооружен со нож возач на „опел“ нападна луѓе на плоштадот Бузмаркплац во германскиот град Хајделберг. Притоа настрадаа три лица, а еден од нив подоцна почина во болница. Возачот, исто така, е хоспитализиран.

Уште еден сличен инцидент се случи во американскиот град Њу Орлеанс. Таму возило управувано од пијан возач влета во толпа луѓе кои ја следеа парадата Марди Грас. Според последните податоци, повредени се 28 лица, од кои 21 се хоспитализирани, а за 12 луѓе лекарите изјавија дека се во критична состојба.

реклама

Свет

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе