IAB Македонија го најавува третото IAB Networking Café

Здружението за интерактивно огласување IAB Македонија, по трет пат ќе го одржи настанот IAB Networking Cafe, каде што преку успешни локални примери и студии на случаи ќе ѝ помогне на бизнис заедницата подобро да се запознае со дигиталното огласување.

Целта на овој настан е преку домашни примери да се покаже моќта на дигиталните медиуми и алатките за интерактивно огласување и да се помогне во развој на македонскиот дигитален пазар на огласување.

На третото IAB Networking Cafе своите успешни студии на случај од областа на интерактивното огласување ќе ги презентираат:

Ира Стефанов Бабиќ, претставник на агенцијата Brand Union, на тема “Гранап у наше маало” каде што ќе зборува за примената и важноста на друштвените канали во една маркетинг стратегија, и Филип Младеновски, претставник на агенцијата Universal Media, кој ќе го објасни користењето на интерактивното огласување за постигнување на целите на проектот “Vip – партнер на македонскиот ракомет”

Настанот ќе се оддржи во Дал Фуфо Галија во Скопје на 7-ми април со почеток од 17.30 ч.

Освен членовите на IAB Македонија, на настанот се поканети и сите компании кои сакаат со нив да разменат искуства и корисни информации поврзани со дигиталното огласување. Влезот е бесплатен, но поради ограничениот капацитет на локалот, потребно е вашето место да го резервирате на contact@iab.mk

ЗА IAB МАКЕДОНИЈА

IAB Македонија е здружение за интерактивно огласување, посветено на развивањето и унапредувањето на дигиталното огласување во Македонија. Здружението е формирано од страна на повеќе дигитални и маркетинг агенции во Македонија, а има за цел да стане почитуван авторитет за дигиталните и интерактивните прашања на пазарот. 

реклама

Бизнис

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more
 

Вести

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе