Илјадници бараат казна за родителите на детето кое падна кај горилата

Усмртувањето на мажјакот горила во зоолошката градина во Синсинати, откако во неговиот ограден простор падна тригодишно момченце, предизвика големи реакции во САД и повеќе илјади луѓе ја потпишаа петицијата со која се повикува да бидат казнети родителите кои го оставиле своето дете без надзор.

„Горилата умре поради тоа што родителите на детенцето не внимавале на него. Во спротивно, тоа не би можело да пропадне во јазот. Тие родители мора да понесат одговорност поради тоа што го оставиле детето без надзор“, се истакнува во петицијата „Прада за Харамбе“ поставена на интернет. Нејзината страница на Facebook веднаш доби 2.000 лајкови.

Полициската управа на Синсинати сите прашања во врска со овој инцидент ги препратува на обвинителството на округот Хамилтон.

Во саботата службениците во зоолошката градина Синсинати мораа да го застрелаат 17-годишниот мажјак горила по име Харамбе поради спасувањето на тригодишното дете кое успеало да се провре низ оградата и да падне во јазот со вода пред живеалиштето на единаесетте примероци од овој вид примати. Момченцето се наоѓало околу десетина минути во шепите на моќниот примат со тежина од 181,4 килограми, а е хоспитализирано без повреди опасни по животот.

Како што претходно за новинарите објасни директорот на зоолошката градина Тејн Мејнард, „животното почнало да го влечка малечкото“.

„Нашите работници проценија дека момченцето е во смртна опасност и донесоа тешка, но исправна одлука“, додаде Мејнард.

Појасни дека вработените не ризикувале да користат средства за успивање, бидејќи толку големо животно не би било успиено веднаш со еден погодок. Додал и дека ова е прв ваков случај во 38-годишното постоење на оваа зоолошка градина.

реклама

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе