Иранка притворена во злогласен затвор бидејќи јадела во кафуле без хиџаб

Иранската полиција уапси жена откако на интернет се појавија фотографии на кои таа и нејзината пријателка јадат во кафуле во Техеран без хиџаб, соопшти вчера нејзиното семејство.

Фотографијата почна да кружи на интернет во средата, прикажувајќи ги двете жени како појадуваат во кафуле кое, како и повеќето кафулиња во Иран, традиционално е под покровителство на мажи.

Една од жените на фотографијата, Доња Рад, полицијата набргу потоа ја уапсила. CNN разговараше со сестра ѝ, која рече дека безбедносните агенции стапиле во контакт со Доња и ја повикале да ги објасни своите постапки.

„По разговорот ја уапсија. Прво не се слушнавме неколку часа, а потоа накратко ми се јави Доња и рече дека ја ставиле во одделението 209 од затворот Евин“, вели сестра ѝ.

Злогласен затвор

Техеранскиот затвор Евин е познат по тешките услови, режимот таму држи политички неистомисленици, а наменет е исклучиво за затвореници за кои е одговорно иранското Министерство за разузнавање.

Во последниве денови, безбедносните сили, наводно, уапсиле неколку влијателни Иранци, меѓу кои писателката и поетеса Мона Борзуеи, иранскиот фудбалер Хосеин Махини и ќерката на поранешниот ирански претседател Али Акбар Хашеми Рафсанџани, Фаезех Рафсанџани.

По смртта на Махса Амини, протестите започнаа низ целата земја и продолжуваат веќе две недели. Иран за човекови права проценува дека најмалку 83 лица, меѓу кои и деца, биле убиени во протестите.

Повеќе од илјада луѓе поврзани со протестите се приведени од минатиот викенд, според државната новинска агенција IRNA.

Тагови
реклама

Свет

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе