Истрага против сметководител осомничен за проневера на службата

Скопје, 27 декември 2019 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека како одговорно лице – сметководител сторило кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 5 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Од Јавното обвинителство соопштија дека осомничениот во периодот од 28.04.2016 година до 28.11.2019 година, како сметководител за водење на сметководството на нотарска канцеларија, со намера за себе да присвои противправна имотна корист присвоил пари кои му биле доверени во службата во значителна вредност од 10.913.195 денари.

Тој неовластено пополнил и потпишал налози за пренос на парични средства од банкарската сметка на нотарот, на банкарска сметка на неговата сопруга. Потоа, осомничениот како овластен потписник на банкарската сметка на неговата сопруга ги подигнал во готово паричните средства.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот до Оновниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување на мерки на претпазливост за осомничениот и тоа: забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, обврска на осомничениот да се јавува повремено на одредено службено лице и привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница.

Предложените мерки се во насока на обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка, а поради постоење опасност од бегство на осомничениот и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, стои во соопштението.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Хроника

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Read more

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Read more

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе