Кајгана Медиа вработува специјалист за дигитални комуникации

Вистинската личност за ова работно место - живее и диши на социјалните мрежи како Facebook, Twitter и Instagram. Специјалистот за дигитални комуникации ќе биде одговорен за дигиталните активности на дел од нашите клиенти кои веќе имаат силно присуство на дигиталните медиуми.

Работни обврски и одговорности 

- Развој на стратегии за дигитални комуникации и нивна реализација

- Креирање на комуникациски планови и содржина за комуникација на социјални мрежи

- Менаџирање со онлајн заедници на социјални мрежи

- Мониторинг, анализа и мерење на перформанси на активностите реализирани преку комуникациските канали

- Креирање извештаи

Потребно знаење и вештини: 

- Реално искуство со планирање, менаџирање и реализација на дигитални иницијативи

- Познавање на комуникациски стратегии и медиумските улоги во интегрираните комуникации

- Одлични комуникациски и аналитички способности

Искуство/образование:

- 2+ години работно искуство

- Завршено високо образование (предност маркетинг, новинарство, е-бизнис)

- Искуство со социјалните мрежи Facebook, Тwitter, Instagram, YouTube

- Искуство со пишување и уредување содржини за дигитални медиуми

Доколку си подготвен да помогнеш нашите клиенти да добијат најмногу од тоа што го создаваме и да учествуваш во возбудата која ја креираме, тогаш би сакале да те видиме. Те молиме да ни испратиш:

- Твоето резиме

- Релевантни дипломи, сертификати и писмо со препораки (доколку ги имаш)

на contact@kajgana.com 

Огласот е отворен до 10.02.2019 година. 

Само избраните кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

За Кајгана Медиа

Основана од пионерите на онлајн медиумите и дигиталниот маркетинг во Македонија, Кајгана Медиа создава брендови, кампањи и дигитални платформи кои им помагаат на нашите клиенти да растат и напредуваат. Нашиот пристап и организациската култура се водат од принципите на секоја успешна дигитална стратегија: искреност, отвореност и посветеност. 

реклама

Бизнис

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more
 

Вести

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе