Како Американците ја слават победата на Бајден и Харис?
Американците кои го поддржуваат Џо Бајден масовно излегоа на улиците, во нивните дворови, населби и на балконите, за да ја прослават победата на демократскиот кандидат на изборите за претседател на САД.
Бајден ќе биде 46. Претседател на САД, а неговата заменичка Камала Харис стана првата жена воопшто и прва жена со афроамериканско и азиско потекло која дошла до оваа функција.
За многу од симпатизерите на Бајден, изборната победа е уште послатка бидејќи е поразен Доналд Трамп, за кој тие сметаат дека лошо ја водеше земјата низ пандемијата со COVID-19 и се против неговите политики за миграцијата, климатските промени и човековите права.
Изборот на фотографии е на Guardian.