Како дрвјата во градовите спасуваат човечки животи?

Една најнова студија покажа дека дрвјата во градовите навистина ги спасуваат животите на луѓето.

Парк во скопската населба Аеродром (Фото: А.С.)

Истражувањето, кое беше објавено во научното списание Lancet, покажа дека садењето повеќе дрвја во европските градови може да ја намали стапката на смртност за 40 проценти. Студијата опфати 93 градови со просечна покриеност на дрвја од 15 проценти.

Утврдено е дека просечната температура може да се намали за 0,4 степени Целзиусови, со зголемување на покриеноста на дрвјата за 30 проценти. Земајќи ги предвид податоците од 2015 година, кога сите податоци беа последен пат достапни, се проценува дека 2.544 смртни случаи (39,5 проценти) од 6.700 луѓе кои починале од срцеви проблеми можеле да бидат спречени.

Високите температури може да предизвикаат ефект на „топол урбан остров“ доколку нема доволно зелени површини во градовите. Ова се случува кога асфалтот, железото и бетонот ја апсорбираат и задржуваат топлината. Температурите во такви околности стануваат опасно високи.

Утврдено е дека овој проблем е најизразен на југот и на истокот на Европа. Температурата на Стариот континент во 2015 година била во просек за 1,5 степени повисока. Во романскиот град Клуж-Напока, чија покриеност со дрвја е само седум отсто, температурата била седум степени повисока од околината.

Според податоците на Обединетите нации, 2,5 милијарди луѓе треба да живеат во градовите до 2050 година. Ефектот „вжештен урбан остров“ ќе биде уште поизразен поради употребата на фосилни горива.

Лондон и Барселона се меѓу градовите кои имаат за цел 30% од нивната градска површина да биде покриена со дрвја. Како што пишува весникот Energy and Buildings, друг метод за борба против споменатиот ефект е зазеленувањето на покривите на зградите. Покрај тоа, се предлага да се користат бои кои ќе рефлектираат повеќе светлина.

реклама

10 апарати во домот поради кои ви растат сметките за струја

Read more

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Судбински пресврт за 3 хороскопски знаци во јули

Read more

Топ 5 најдобри половни автомобили до 5.000 евра

Read more

Живот

10 апарати во домот поради кои ви растат сметките за струја

Read more

Судбински пресврт за 3 хороскопски знаци во јули

Read more

Како алатките на Google Maps може да ви го олеснат летувањето?

Read more

Дали ги имате овие 3 среќни броеви во датумот на раѓање?

Read more
 

Магазин

Рак на кожата може да се добие по само 15 минути поминати на сонце

Читај повеќе

Зошто треба да јадете моркови во лето?

Читај повеќе

Како ненадејните промени на времето влијаат на здравјето?

Читај повеќе

3 чекори како да ги обновите веѓите откако премногу сте ги истенчиле

Читај повеќе

10 апарати во домот поради кои ви растат сметките за струја

Читај повеќе

Судбински пресврт за 3 хороскопски знаци во јули

Читај повеќе

Фит контрола: Колку често треба да се мерите?

Читај повеќе

Дали е здрава туната од конзерва?

Читај повеќе
Во кој дел од денот сме најмногу расположени за секс?

Во кој дел од денот сме најмногу расположени за секс?

Читај повеќе