Како ќе изгледа новата Toyota Aygo?
Toyota го претстави концептот Aygo X Prologue како најава за новата генерација на својот мал, градски автомобил.
Иако т.н „А“ сегмент полека изумира во Европа, Toyota планира и понатаму даа има свој претставник во оваа категорија на возила.
Од претставувањето во 2005, Aygo се докажа на европскиот пазар со две генерации, а наследникот на актуелниот модел е во подготовка.
За разлика од двете претходни верзии, новиот Aygo има потполно нов, футуристички изглед, а автомобилот личи на мал кросовер.
Од Toyota истакнуваат дека автомобилот ќе биде претставен до крајот на годината, па новиот Aygo би требало да го видиме на улиците веќе во 2020 година.
Погледнете ја галеријата.