Како се случи забуната со ковертите на Оскарите?

Претставниците на ревизорската компанија „Pricewaterhouse Coopers“, одговорна за пребројувањето на гласовите и доставувањето на златните коверти на свеченоста на доделувањето на најпрестижните филмски накради – Оскарите, изразија длабоко жалење поради хаосот кој го предизвика погрешното прогласување на годинешниот добитник на наградата во категоријата за најдобар филм.

„Презентерите по грешка добиле погрешни коверти со имињата на наградените, а кога тоа беше утврдено грешката веднаш исправена“, се наведува во соопштението на PwC објавено на Twitter.

„Веднаш започнавме да истражуваме како дојде до оваа невообичаена ситуација и длабоко жалиме што то се случи. Извонредно ја цениме добронамерноста со којашто номинираните, презентерите, Академијата, телевизијата ABC News и домаќинот на вечерта Џими Кимел ја решија ситуацијата“, се додава во соопштението.

Во текот на свеченоста на доделувањето на Оскарите на крајот се случи еден невообичаен момент кога Феј Данавеј и Ворен Бити, за најдобар филм го прогласија „Ла Ла Ленд“. Бити подоцна се обиде да објасни дека му дале погрешен коверт.

Целата екипа на споменатиот филмски мјузикл, кој имаше многу номинации, а претходно собра бројни награди во светот, започнаа да се заблагодаруваат, кога беа предупредени дека добитник на оваа награда е всушност филмот „Месечева светлина“. Еден од продуцентите на „Ла Ла Ленд“ изјави дека му било чест што статуетката, за кој веќе верувал дека е негова, им ја врачил на пријателите од „Месечева светлина“.

А „Ла Ла Ленд“, освои шест Оскари, и тоа за режија, главна женска улога, фотографија, музика, песна и сценографија.

реклама

Филм & ТВ

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more
 

Сцена

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе