Каква ќе биде Америка со Бајден како претседател?

МИА/КАЈГАНА
/ 07.11.2020 / 20:32

Џо Бајден е изгласан за 46-ти претседател на САД и под негово водство се очекуваат радикални промени во однос на неколку горливи проблеми со кои американското општество се соочуваше под водство на актуелниот претседател Доналд Трамп.

Откако веста за прогласената победа на демократскиот кандидат доцна утринава (по локално време) молскавично се прошири низ целата земја, во повеќе градови на САД до пладне се собраа толпи од илјадници, претежно млади луѓе, да го одбележат доаѓањето на нивниот претседател.

По сѐ изгледа имаат добри причини за славје.

За време на кампањата одбележана со пандемијата на новиот коронавирус, Бајден се претстави како поборник за науката и вети доделување милијарди долари за истражувања поврзани со борбата против вирусните заболувања како COVID-19. Тој доби поддршка од целата научна заедница на САД, која обично е аполитична и не се меша во избори. Таква поддршка дојде од организациите како „Scientific American“ и „Nature“.

Бајден повика на обврзно носење маски и достапно тестирање за секого. Тој повика и да се оддржуваат дневни COVID-19 брифинзи во обид да се запре напливот од дезинформации за зауздување на вирусот.

Бајден се постави и како поборник на имиграцијата во САД. Вети дека ќе стави крај на нехуманото раздвојување на бегалските семејства на јужната граница на САД, повика на запирање на изградбата на ѕидот кон Мексико, на враќање на законот ДАКА (за интеграција во општеството на децата донесени од Јужна Америка), укинување и на таканаречената забрана за патување на муслиманите во САД, како и други олабавувања на строгата имиграциската полиика на САД воведена за време на Трамп.

Во врска со здравственото осигурување, тој вети одбрана и надградба на законот за општо здравство, таканаречениот „Oбамакер“, еден од најголемите успеси од времето на Барак Обама. Најави и други промени како забрана за поднесување ненајавени сметки за здравствени услуги и намалување на цените на лековите.

Покрај овие политики, Бајден ќе охрабри сеопфатни законски реформи во однос на полицијата и судовите, националната безбедност и социјалната еднаквост, како и драстично свртување во полза на климатските промени, кои досегашната Бела куќа ги негираше, што резултираше со напуштање на Парискиот договор.

За време на кампањата, Бајден промовираше индустријата да се префрли на чиста енергија, намалување на зависноста од јаглеводородни енергенси како нафта и гас, нови мандати за намалување на издувните гасови.

Сепак, главниот фокус на новата Администрација ќе биде подигање на економијата ставена на колена од коронавирусот, заздравување на односите со сојузниците од ЕУ и НАТО, и поцврста надворешната политика посебно во однос на Кина и Русија.

Remote video URL
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе
  • play_arrow

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Читај повеќе

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Читај повеќе