Кандидатот на ДУИ за прв премиер Албанец е Насер Зибери

ДУИ денеска на промотивната конвенција во Преспа ја започна предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули, на која го промовира Насер Зибери како нивен кандидат за прв премиер Албанец на Македонија.

– По интензивните консултации со граѓанското општество, академскиот свет, стручно и креативно мислење, стигнавме до обединувачкото и заслужно име на кандидатот за првиот Албанец премиер. Тоа е Насер Зибери кој ги има сите доблести да ја води извршната власт на земјата кон полна еднаквост, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети на конвенцијата.

Кандидатот за премиер, Зибери, во неговиот говор рече дека е убеден во тоа дека е дојдено времето за целосна еднаквост.

– Бев изненаден од повикот на г-дин Али Ахмети со покана за состанок во неговата канцеларија. Тој ме извести дека се консултирал со многу почитувани луѓе, граѓанското општество и академијата и тоа што моето име беше меѓу номинираните како надпартиски кандидат. Искрено, бев изненаден и секако, се чувствував ценето. Да бидам потполно искрен, си помислив дека ова не само што ќе го промени мојот живот, туку е и голема одговорност. Не е лесна одлука да се донесе и нема многу време за размислување. Но, челикот се кали во оган и за поединецот се суди според одлуките што ги носи за социјалното добро. Затоа реков „ДА“, рече Зибери.

Насер Зибери е роден во 1961 година во Ласкарци, Општина Сарај. Дипломирал на Правниот факултет. Во минатото беше висок функционер на ППД, а во периодот од 1996 до 1998 станува министер за труд и социјална политика во Владата на Бранко Црвенковски. Пред да стане политичар, бил новинар, а повеќе од 10 години не е активен во политиката и работи како нотар.

Тагови
реклама

Македонија

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Read more
 

Вести

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе