Каракачанов: Бугарија нема да направи отстапки кон Северна Македонија

Во Скопје некој си замислува дека Бугарија ќе направи отстапки поради братски чувства и солидарност. Тие сметаат и дека некој однадвор ќе изврши притисок врз Бугарија. Сепак, ова нема да се случи, изјави бугарскиот министер за одбрана и лидер на партијата ВМРО, Красимир Каракачанов.

Според него, незамисливо е бугарското Собрание да гласа за отстапки и едно такво отстапување од позицијата на Бугарија не би поминало во ниту еден парламентарен состав.

– Ќе видиме што ќе се случи за една недела. Изборот дали ќе бидат дел од ЕУ е нивен. Нема да станат членки на Европската унија со коминтерновско удирање по маса, изјави Каракачанов за бугарската телевизија БТВ.

Тој смета дека Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Северна Македонија е „доволно добар, но само доколку се почитува“.

– Една година по неговото потпишување тој веќе не се почитува, изјави Каракачанов, додавајќи дека склучувањето на Договорот било услов за прием на земјава во НАТО, а неговото почитување е услов за членство во ЕУ.

Каракачанов тврди дека нема дипломатски притисок врз Бугарија од страна Германија, а што се однесува до САД тој таму „ја објаснил генезата на балканските проблеми, повикувајќи се на американски извори“.

– Пријателството е пријателство, братството е братство, но договори

те и доброто однесување мора да се почитуваат. Не сакаме да одиме низ Капали чаршија и да се расправаме чиј е Гоце Делчев, изјави Каракачанов, инсистирајќи на тоа дека Бугарија и бугарскиот народ мора да го бранат националниот интерес.

Тој вели дека Бугарија „не ги принудува Скопје и Македонците да се откажат од својот национален идентитет, но треба да бидат така добри и да го создаваат според фактите дека тој е создаден со оган и меч по 1944 година“.

– До 1944 година историјата е заедничка историја на еден народ. Имаме заедничка историја со Отоманската Империја, со Византија, со ерменскиот народ, но не и со Македонците, додава Каракачанов.

Едно „потклекнување“ пред Скопје сега, би значело проблеми за во иднина, кои би вклучувале и барања за изучување на „измислениот македонски јазик во Ќустендил со тек на времето“. 

реклама

Регион

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Read more

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Read more

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе