Хаити: Полицијата фатила шест атентатори на претседателот Моиз

Полицијата во Хаити уапсила шест мажи кои го убиле претседателот Жовенел Моиз и трагаат по организаторите кои стојат зад операцијата, изјави денеска шефот на полицијата Леон Шарл на брифинг со новинарите, емитуван на телевизија.

Шарл апелираше до населението да соработуваат со безбедносните сили и да не предизвикуваат немири, откако маса луѓе се појавија пред полициската станица во главниот град Порт-о-Пренс, каде се сместени осомничените.

Премиерот на Хаити, Клод Жозеф, денеска апелираше до граѓаните да ги предадат на полицијата осомничените убијци на претседателот Жовенел Моиз и да не ги линчуваат.

Претходно денес стотици жители на Хаити пред полициската станица во Порт-о-Пренс, каде што се наоѓаат осомничените за убиството, извикуваа „изгори ги“.

Тие запалија возило за кое претпоставиле дека е возило на атентаторите. Претседателот на Хаити Моиз (53) беше убиен од непознати напаѓачи во неговата приватна резиденција, а неговата сопруга Мартен Мари Етјен Жозеф, која исто така беше ранета во нападот, се наоѓа во критична состојба и е пренесена во болница во Мајами.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе