Хоспитализираните со COVID-19 на Инфективна клиника добиваат и третман со физикална терапија 

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби секој пациент добива третман соодветен на неговата здравствена состојба. Кај пациентите кои се хоспитализирани на клиниката освен терапиите против COVID-19, неизоставен дел од лекувањето е и физикалната терапија која придонесува за подобрување на психофизичкото здравје и подобрување на функцијата на респираторниот систем, соопшти Министерството за здравство.

Физикалната терапија на пациентите кои се хоспитаизирани на Клиниката за инфективни болести поради COVID-19, како што се посочува, вообичаено се состои од два сегмента: физикална терапија за локомоторниот апарат и физикална терапија за респираторен систем или таканаречена респираторна гимнастика.

– Повеќе фактори влијаат врз одлуката со каков третман на физикална терапија ќе се пристапи кон пациентот. Според клиничката слика на локомоторниот апарат има три групи на пациенти – подвижни пациенти, тешко подвижни пациенти и неподвижни пациенти. Додека пак според оштетувањето на респираторниот систем предизвикано од COVID-19, истите може да се поделат на лесно болни, средно болни и тешко болни. Согласно горенаведените поделби на пациентите и различните комбинации од клинички слики и оштетувања се комбинираат различни типови на вежби. Зависно од менувањето на состојбата на пациентот се менува и пристапот на физиотерапевтот кон пациентот, истакна Велимир Тричковски, физиотерапевт кој работи со пациентите со COVID-19 хоспитализирани на Клиниката.

За да се постигне максимален ефект и да се оспособи пациентот за релативно нормално функционирање во домашни услови, како што се нагласува, интензитетот на вежбите за локомоторниот апарат последните денови од престојот на Клиниката, може да се зголеми по консултација со лекар.

Респираторната гимнастика (вежбите за дишење) се изведуваат за превентивни и тераписки цели. Кај пациентите со лесна клиничка слика се препорачува пациентите сами да ги изведуваат вежбите неколку пати во текот на денот со цел да се зајакне мускулатурата вклучена во процесот на дишење. Кај средно-тешките болни, респираторната гимнастика се изведува исклучиво под надзор на физиотерапевт за да се следи моменталната состојба на организмот (сатурација, пулс, притисок, број на респирации). Кај тешко болните пациенти коишто дишат со помош на маска за висока концентрација на кислород се советува длабоко и споро дишење, а кај пациентите кои се поставени на механичка вентилација вежбите за дишење не се изведуваат.

Поради непосредниот директен контакт физиотерапевт-пациент и создавањето на близина и чувство на сигурност, физикалната терапијата има голема улога во подобрување и одржување, како на физичкото така и на менталното здравје кај пациентите, стои во соопштението од Министерството за здравство. 

реклама

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Read more

Европа пред нова автомобилска револуција

Read more

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Read more

Македонија

Уште еден земјотрес почувствуван во Охрид и Струга

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Серија земјотреси почувствувани во Охрид

Read more

Колку е моќен македонскиот пасош?

Read more
 

Вести

Растат платите во ЕУ, дали ќе пораснат и цените?

Читај повеќе

Зошто Путин го прати Шојгу во Северна Кореја?

Читај повеќе

Уште еден земјотрес почувствуван во Охрид и Струга

Читај повеќе

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Читај повеќе

На средношколците во Италија им е забрането да користат мобилни телефони на час

Читај повеќе

ЕУ се откажува од увозот на руски фосилни горива и покрај ветото на Унгарија и Словачка

Читај повеќе

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

Читај повеќе

Крај дилерското царство: Европол го разби најголемиот пазар на дрога на темната мрежа

Читај повеќе

Уапсен скопјанец, возел со 2,57 промила алкохол во крвта

Читај повеќе