Колку луѓе во Македонија страдаат од тивкиот убиец - прекумерна дебелина?

Дебелината кај возрасните лица во Македонија е зголемена 13,6 отсто, а кај децата и адолесцентите 7,4 отсто во споредба со 1990 година, објави Институтот за јавно здравје по повод Светскиот ден за борба против дебелината.

30,5 отсто од децата од 6 до 9 години во нашата држава живеат со зголемена телесна тежина или дебелина, а 13,8 отсто од нив живеат со дебелина или екстремна дебелина.

Дебелината е почеста кај момчињата за разлика од девојчињата, а повеќето деца, кои имаат зголемена телесна тежина и дебелина, живеат во урбани средини.

„Исхрана со високопреработена и енергетски богата храна е значаен фактор, кој придонесува кон развој на зголемена телесна тежина кај децата. Социо-економските карактеристики на семејствата на децата и достапноста на храна во и околу училишната средина влијаат врз навиките за исхрана кај децата:

  • 32 % од децата од 6- до 9-годишна возраст пијат безалкохолни пијалаци богати со шеќер повеќе од три дена во неделата;
  • Половина од децата јадат ужини богати со шеќер повеќе од три дена во неделата, а од нив 8,4 % и повеќепати секој ден;
  • Само 24 % од децата јадат свежо овошје секој ден, а 21 % свеж зеленчук.

Физичката неактивност кај децата поради намалените можности за безбедни животни средини, кои промовираат активна игра и движење на децата, доведуваат до помалку движење и употреба на електронски уреди како клучни детерминанти на дебелина:

  • Приближно 40 % од децата од 6- до 9-годишна возраст поминуваат доста време пред телевизорот или употребуваат електронски уреди повеќе од два часа дневно;
  • Вкупно 48 % од децата спортуваат или танцуваат најмалку два часа во неделата;
  • Повеќе од половина (63 %) активно се движат до и од училиште, пеш или со велосипед“, објави Институтот и укажа дека дебелината е сложено хронично заболување.

Трендовите на зголемена телесна тежина и дебелина кај децата во Северна Македонија, според Институтот за јавно здравје, се одржуваат стабилно на високо ниво. Потребен е сеопфатен и мултисекторски пристап кон дебелината, од давање приоритет на факторите од животната средина, кои влијаат врз дебелината, до зајакнување на здравствената заштита за превенција и контрола на дебелината како хронично заболување.

За борба против дебелината кај нас, Институтот посочува конкретни мерки и активности:

  • активности за поддршка на здрави практики од првиот ден, вклучително и промоција, заштита и поддршка на доењето;
  • регулативи за штетниот маркетинг на храна и пијалаци за деца;
  • политики за храна и исхрана во училиштата, вклучувајќи иницијативи за регулирање на продажбата на производи со висока содржина на масти, шеќери и сол во близина на училиштата;
  • фискални и ценовни политики за промовирање здрава исхрана;
  • политики за нутритивни информации на етикетите;
  • кампањи за едукација на јавноста и зголемување на свесноста за здравата исхрана и вежбањето;
  • стандарди за физичка активност во училиштата; и
  • интегрирање на услугите за превенција и управување со дебелината во примарната здравствена заштита.

Во светот, од 1990 година, дебелината е зголемена повеќе од двојно кај возрасните, а четирикратно е зголемена кај децата и адолесцентите (од 5 до 19 години). Лошата исхранетост, во сите нејзини форми, вклучува неисхранетост, но и зголемена тежина и дебелина. Неисхранетоста е одговорна за половина од смртните случаи на деца под пет години, а дебелината може да предизвика незаразни болести, како што се кардиоваскуларни болести, дијабетес и некои видови рак.

Лекарите очекуваат пандемиски раст на заболените: Дебелината е хронична и прогресивна болест, мора да се лекува

Дебелината треба да се сфати како хронична и прогресивна болест која мора да се лекува, предупредија денес на светскиот ден на борба против дебелината лекарите од двата центри за менаџирање на дебелината во земјава. Ирфан Ахмети од Центарот за менаџирање дебелина на Клиниката за ендокринологија вели дека предвидувањата за оваа болест и кај нас и во светот се многу песимистички.

„Последните 30 години дебелината во светски рамки е утростручена. Предвидувањата во смисла на прогресија на оваа болест се песимистички односно се очекува пандемиски раст на оваа болест. Кај нас околу 28% од популацијата се обезни. Обезноста е во подем и кај деца и кај адолесценти. Некаде околу 30 % се натхранети и обезни. Велам натхранети затоа што доколку не се интервенира тие преминуваат во обезни како деца и како адолесценти. Обезни деца има околу 13,5 % “, вели ендокринологот Ахмети.

Тој повика да се зборува за дебелината како болест која мора да се лекува и тоа да го прават не само лекарите туку сите за да се крене свесноста и пациентите да појдат да побараат помош.

„Во двата отворени центри за менаџирање обезност, едниот во ‘8 Септември’ другиот на Клиниката за ендокринологија 650 пациенти ни се регистрирани за овие шест месеци. Ни доаѓаат пациенти со прилично потешка обезност, класа три. Околу 60% се такви. За такви пациенти даваме и терапија и тие се мотивирани почесто да доаѓаат на контроли со цел да намалат во телесната тежина. Податоците од Мој термин говорат дека само 14.000 имаме регистрирани пациенти со обезност што е приближно 10 % од реалните бројки. Многу е важно да зборуваме отворено за оваа болест со цел да се избегне и стигмата и кога повеќе ќе се зборува ќе се подигне свеста навремено лицето што е обезно да се упати без никакви комплекси за барање помош“, вели Ахмети.

Дијагностицирањето, според него, не мора да се прави во Центрите за менаџирање на дебелина, туку да почнува кај матичните лекари со едноставно мерење на телесната тежина и совети за сите кои имаат поголема телесна тежина за здрав начин на живот и нивно следење.

Ендокринологот Хасан Танер од Центарот за менаџирање дебелина во болницата „8 Септември“ вели дека откако е отворен Центарот свеста дека дебелината е болест полека се крева.

„Многу беше тешко да се пробие таа стигма на болеста, да се прифати како хронична болест и прогресивна болест на која треба цел живот да се внимава и да се лекува. На светско ниво знаеме дека преваленцата е околу 30 – 35 %. Верувам дека, според нашите клинички, тој процент е застапен и кај нас меѓутоа досега не сме имале регистар на пациенти со дијагноза Р 66 и за жал пациентите доаѓале со компликации. Се лекувале компликациите меѓутоа примарната дијагноза не била запишана во регистарот“, рече ендокринологот Танер.

Нови центри за менаџирање дебелина лекарите најавија на Детската клиника во Скопје, во Тетово, Штип и Битола.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе