Колку заработуваат Иванка Трамп и нејзиниот сопруг?

Ќерката на претседателот на САД, Иванка Трамп, и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер заработиле најмалку 82 милиони долари од дополнителни приходи во првата година откако работат како неплатени советници на Доналд Трамп, покажуваат нивните имотни листови.

Ќерката и зетот на претседателот Трамп продолжија со масовно инвестирање во трговски зделки и недвижнини и откако Трамп дојде на претседателската функција.

Иванка Трамп наводно заработила 3,9 милиони долари од нејзиниот влог во Trump International Hotel и над 5 милиони евра од нејзиниот личен бренд.

Овие заработки разгореа сомнеж дали се етички издржани и дали има конфликт на интереси.

Белата куќа ги објави имотните листови доцна вчера, додека претседателот Трамп беше на пат кон историскиот самит со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во Сингапур.

Иванка и Џеред се повлекоа од раководните функции во разни компании што ги поседуваат за да бидат советници во тимот на претседателот.

Меѓутоа, и двајцата ги задржаа нивните значително високи влогови во неколку компании, Кушнер во недвижнини, а Трамп во нејзиниот бренд за облека и модни додатоци.

Иванка Трамп исто така пријавила заработка од 2 милиони долари од Trump Organisation и аванс од 289.000 долари за нејзината книга „Women Who Work“. Кушнер пријавил приход од над 5 милиони долари од станбен комплекс во Њу Џерси.

Тешко е да се прецизира колку милиони тежи двојката високи советници во Белата куќа, бидејќи формуларите за транспарентност што ги поднесуваат се многу општи.

Адвокатот на двојката за етички прашања рече дека Кушнер и Трамп постапиле согласно владините правила за етичко работење, откажувајќи се од раководните функции во компаниите што ги поседуваат, а за работата во Белата куќа не добиваат хонорар.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе