Јан Бренан, еден од креаторите на „Monster: The Jeffrey Dahmer Story“, серијата на Netflix која урива рекорди на гледаност, одговори на критиките за „романтизација“ на убиецот и неговите злосторства.

„Мислам дека го прикажавме како човечко битие. Тој е ‘монструозно хуман’ и ‘монструозно монструозен’ и тоа е она поради што сакавме да ја снимаме серијата. Се трудевме сцените да бидат што пообјективни. Успешно ја завршивме домашната задача“, изјави тој.
Дамер убил 17 мажи и момчиња во периодот од 1978 до 1991 година. Практикувал канибализам, некрофилија и чување на делови од телото по злосторствата. Убиен е во затвор во 1994 година.
„Сѐ уште не сум сигурен во што е тајната на успехот. Интересно е кога луѓето вака добро ќе ги прифатат сериите за ужасни злосторства. Мислам дека на овој начин гледачите се соочуваат со застрашувачки работи кои постојат во длабочините на секое суштество“, заклучи тој.