Кремљ за истрагата за Северен поток: Мириса на монструозно злосторство

Американски New York Times објави дека информациите говорат дека нападот на гасоводот Северен поток го извршила проукраинска група.

Американски New York Times објави дека разузнавачките информации сугерираат дека нападот на гасоводот Северен поток го извршила проукраинска група. По повод оваа информација, помошникот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека Киев не бил вмешан во нападот.

„Без сомнение, Украина апсолутно не е вклучена во нападите на гасоводите. Тоа нема ни трошка смисла“, изјави Михаил Подољак за Reuters. Тој исто така изјави дека Украина нема информации за тоа кој бил вклучен во нападот, велејќи дека можеби тие треба да бидат обвинети за руските напори за дестабилизација на регионот.

Исто така, во меѓувреме се огласи и Русија како одговор на дел од објавениот напис во кој пишува дека нема докази дека владата во Киев била поврзана со група која би можела да стои зад нападот. Медиумските извештаи за нападите на гасоводите Северен поток се координиран обид да се сврти вниманието и Кремљ е збунет како американските власти можат да претпостават нешто за нападите без истрага, смета Кремљ.

„Очигледно е дека извршителите на нападот сакаат да го свртат вниманието. Очигледно станува збор за координирано нафрлање во медиумите“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за државната новинска агенција РИА. „Како можат Американците да претпостават нешто без истрага?“, прашува Песков.

Тој истакна дека земјите акционери на Северен поток треба да инсистираат на итна, транспарентна истрага.

„Сè уште не ни е дозволено да учествуваме во истрагата. Пред само неколку дена добивме известување за ова од Данците и Швеѓаните“, рече Песков. Тој додаде дека ова не само што е чудно, туку мириса на монструозно злосторство.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе