Легендите Лам и Шаби Алонсо заминаа во пензија (Фото)
Фудбалскиот свет вчера испрати во пензија двајца великани на оваа игра. Играчите на Баерн Минхен, Филип Лам (33) и Шаби Алонсо (35), со победа над Фрајбург од 4:1, ставија крај на своите кариери.
Баерн повторно немаше вистинска конкуренција во Бундеслигата, поради што и мечот со Фрајбург повеќе личеше на ревијален.
Капитенот Лам сезонава ја освои осмата титула во првенството, а мечот со Фрајбург му беше 517 во дресот на Баерн, каде ја мина целтата своја кариера.
Кариерата ја заврши и поранешниот играч на Реал Сосиедад, Ливерпул и Реал Мадрид, Шаби Алонсо. Овој фудбалер во последните 12 години од својата кариера освои 17 титули. Инаку Алонсо во својата ризница ги има сите вредни трофеи во светото на фудбалот, вклучувајќи една светска и две европски титули со Шпанија.
Лам и Шаби Алонсо заедни имаат 12 титули во најсилните европски првенства, осум Купови, три во Лигата на шампионите, а на репрезентативно ниво освоиле заедно две светски и две европски титули.