Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Макфакс/Кајгана
/ 16.05.2024 / 20:31

Магазинот Forbes ја објави листата на најплатени спортисти на која доминира Португалецот Кристијано Роналдо со неговиот неверојатен договор во Саудиска Арабија.

Кристијано Роналдо е неприкосновен со 260 милиони долари годишно, 200 милиони добива од Ал Наср, а останатите 60 милиони се од спонзорските договори.

Португалецот по четврти пат во кариерата е лидер на листата на најплатени спортисти во светот, овојпат најубедливо благодарение на дарежливите Саудијци.

Втор на листата е голферот Џон Рам (218 милиони), трет Лионел Меси (135 милиони), четврти Леброн Џејмс (128,2 милиони).

На петтото место е предводникот на Милвоки Бакс, Јанис Адетокунбо, кој во последните 12 месеци инкасира 111 милиони долари, од кои 46 милиони се од договорот со Бакс, а останатите од спонзори.

Во првите десет играчи кои најмногу заработиле во последните 12 месеци се и Килјан Мбапе (110 милиони), Нејмар (108 милиони) и Карим Бензема (106 милиони).

Интересно, трикратниот МВП на НБА, Никола Јокиќ, се наоѓа на 32. место на оваа листа. Заработил 56,1 милиони долари, од кои најголем дел се од договорот со Денвер (48,1), додека остатокот е од спонзорства.

Најдобриот и најтрофеен тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, очекувано овојпат не е ни во топ 50 бидејќи го ограничи бројот на турнири на кои учествуваше, а и таму каде што играше не се прослави.

Лука Дончиќ е на 34. место на листата со заработка од 55,1 милиони долари.

Пред Јокиќ и Дончиќ се Жоел Ембиид (30. место – 57,7 милиони) и Џими Батлер (31. место – 57,5 милиони).

Комплетната листа на „Форбс“ на најплатените спортисти во изминатите 12 месеци можете да ја погледнете тука.

реклама

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

Викенд хороскоп од 31 мај до 2 јуни: Месечината влегува во Овен

Read more

Силувана малолетничка во Скопско

Read more

Фудбал

7 најлоши одбрани на титула во историјата на фудбалот

Read more

Мбапе ја купи вилата на Бејл во Мадрид за 11 милиони евра

Read more

Јован Манев: Сите сме со една цел, да постигнеме добар резултат

Read more

Артета ја пронајде деветката во Бундеслигата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 најлоши одбрани на титула во историјата на фудбалот

Читај повеќе

Ролан Гарос забрани пиење алкохол на трибините

Читај повеќе
  • filter

Мбапе ја купи вилата на Бејл во Мадрид за 11 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Феноменот Дончиќ ја растури Минесота, Далас е во финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јован Манев: Сите сме со една цел, да постигнеме добар резултат

Читај повеќе

Артета ја пронајде деветката во Бундеслигата

Читај повеќе

Меси сака да ја предводи Аргентина на Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Нема шега со Нејмар: Како одмазда за мала шега со нож му ги дупна гумите на Лоди

Читај повеќе

Несигурност во Интер: Нуди 8, а Лаутаро бара 12 милиони евра плата

Читај повеќе