Јован Манев: Сите сме со една цел, да постигнеме добар резултат
Во пресрет на патувањето во Хрватска, каде Македонија на 3 јуни ќе одигра контролка, своите очекувања ги изнесе дефанзивецот Јован Манев.
„Среќен сум што сум заедно со соиграчите и стручниот штаб. Кога се игра против репрезентации како што се Хрватска или Чешка, селекции кои се подготвуваат за Европското првенство, мотивацијата е на највисоко ниво. Се надевам дека ќе бидат одлични тест натпревари за нас и за предизвиците кои нѐ очекуваат во септември. Кога се игра за репрезентацијата не постои штедење, фокусот е присутен постојано и кога сме на собир друга побитна работа нема. Сите тука сме со една цел, да постигнеме добар резултат“.