УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Дали 16-годишниот Јамал ќе смее да игра по 21 часот?

Репрезентацијата на Шпанија ја победи Хрватска со 3:0, а потоа и Италија со 1:0 во првите два меча на ЕП и пред последното коло од групната фаза го обезбеди првото место во групата Б и пласман во осминафиналето.

Ламине Јамал (16) на двата натпревари беше дел од стартната постава, но прашање е дали ќе биде и во третиот, бидејќи ноќната работа во Германија е забранета за лица помлади од 18 години.

За тоа пишуваат и шпанските и германските медиуми кои потсетуваат дека има и исклучоци кои се однесуваат на спортот. Сепак, дури и со овие исклучоци, прашање е што значи тоа за Јамал. Натпреварот на Шпанија против Албанија исто како и Хрватска против Италија започнува во 21 часот.

Според германскиот закон, лицата помлади од 18 години, без разлика дали се Германци или странци, не смеат да работат по 20 часот. Исклучок во спортот е што им е дозволено да бидат активни до 23 часот, но со тоа што до тоа време треба да завршат и со туширање и медиумски обврски. Ако Јамал го одигра натпреварот до крај, ќе го прекрши законот.

И покрај тоа, и германските и шпанските медиуми се согласуваат дека тоа најверојатно нема да се случи и дека Шпанците најверојатно ќе ја избегнат казната од 30.000 евра, која инаку би морале да ја платат поради прекршување на законот. Јамал на натпреварот против Хрватска одигра 86 минути, а против Италија 71 минута.

реклама

Војна на пешкирите и лежалките во Грција

Read more

5 хороскопски знаци на кои ќе им „процвета“ љубовта во јули 2024

Read more

Јасни знаци дека имате недостаток на витамин Б12

Read more

Едно овошје во комбинација со лекови може да предизвика труење и смрт

Read more

Фудбал

Што добивате со карти од 30 и од 400 евра за ЕУРО 2024?

Read more

На натпреварот Турција-Чешка паднаа најмногу картони во историјата на ЕУРО

Read more

Роналдо на 39 години го истрча најбрзиот спринт во кариерата

Read more

Кои се фаворити во осминафиналето на ЕУРО според обложувалниците?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Што добивате со карти од 30 и од 400 евра за ЕУРО 2024?

Читај повеќе

На натпреварот Турција-Чешка паднаа најмногу картони во историјата на ЕУРО

Читај повеќе

Роналдо на 39 години го истрча најбрзиот спринт во кариерата

Читај повеќе

Кои се фаворити во осминафиналето на ЕУРО според обложувалниците?

Читај повеќе

Многумина досега не слушнале за најдобриот стрелец на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Конечен расплет во групата Е: Секој може да испадне и секој може да оди во нокаут фазата

Читај повеќе

Пикси по елиминацијата: Не загубивме 5:0, па да ни се смеат

Читај повеќе

Данците завршија пред Словенците поради гол што го постигнаа пред седум месеци

Читај повеќе

Групата Ц го изедначи негативниот рекорд на ЕУРО

Читај повеќе