УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Многумина досега не слушнале за најдобриот стрелец на ЕУРО 2024

Заврши групната фаза на ЕУРО 2024 и познати се сите двојки од осминафиналето.

А, познат е и најдобриот стрелец на воведниот дел на Европското првенство, а сосема е можно повеќето што го следат натпреварувањето да немаат ни слушнато за него.

Најмногу голови во групната фаза постигна Георгес Микаутадзе, играч чија вредност Transfermarkt ја проценува на 15 милиони евра. Станува збор за 23-годишниот репрезентативец на Грузија, екипа која е едно од најпријатните изненадувања на турнирот во Германија.

И не само што е најдобар стрелец во групната фаза со три гола, туку на тој учинок додаде и една асистенција, па тој е и играчот кој ја имаше најдобрата комбинирана статистика за учество во голови во првата фаза од турнирот.

За Грузија одигра вкупно 28 натпревари и постигна 13 гола. На ова ЕУРО беше стрелец на сите три натпревари досега. Погоди против Турција (1:3), Чешка (1:1) и Португалија (2:0), против кои беше и асистент.

Роден во Лион, лојален на Мец

Микаутадзе е роден во Лион, а кариерата ја започна како играч на тимот на Мец Б. Тој изби во најсилниот тим во 2019 година и во него е член и денес, откако дел од тоа време мина на позајмица во белгискиот Сераинг, а минатата сезона потпиша за Ајакс во трансфер од 16 милиони евра. Таму не се снајде и по девет одиграни натпревари за клубот без никаков резултат, холандскиот гигант го испрати на позајмица во Мец со опција за откуп за 13 милиони евра. Мец ја искористи таа опција.

Минатата сезона тој постигна 13 првенствени голови на 20 натпревари за Мец, во кои имаше вкупно 38 голови и 13 асистенции на 64 одиграни натпревари. На крајот на сезоната, Мец играше против Сент Етјен во плеј-офот за да остане во првата лига. Првиот натпревар го загуби со 1:2, во вториот одигра 2:2 и во новата сезона ќе биде второлигаш.

реклама

Зошто е важно да пиете кафе ако имате седечка работа?

Read more

Што ни носи ретрограден Нептун и за кого ќе биде судбоносен?

Read more

3 вежби за зајакнување на стомачните мускули

Read more

Иран се заканува со тотална војна: Сите опции се на маса

Read more

Фудбал

Реал продава играч кој одигра 31 натпревар во текот на 9 години

Read more

Реакциите на децата кои излегуваат со играчите се најубавиот дел од ЕУРО

Read more

Што добивате со карти од 30 и од 400 евра за ЕУРО 2024?

Read more

На натпреварот Турција-Чешка паднаа најмногу картони во историјата на ЕУРО

Read more
 

Спорт

Реал продава играч кој одигра 31 натпревар во текот на 9 години

Читај повеќе
  • filter

Реакциите на децата кои излегуваат со играчите се најубавиот дел од ЕУРО

Читај повеќе

Најпознатата велосипедска трка Тур де Франс за прв пат стартува во Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Што добивате со карти од 30 и од 400 евра за ЕУРО 2024?

Читај повеќе

На натпреварот Турција-Чешка паднаа најмногу картони во историјата на ЕУРО

Читај повеќе

Роналдо на 39 години го истрча најбрзиот спринт во кариерата

Читај повеќе

Кои се фаворити во осминафиналето на ЕУРО според обложувалниците?

Читај повеќе

Многумина досега не слушнале за најдобриот стрелец на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Конечен расплет во групата Е: Секој може да испадне и секој може да оди во нокаут фазата

Читај повеќе