Протест против масовниот туризам во Малага

Илјадници луѓе во шпанскиот град Малага протестираа против масовниот туризам во саботата за да го изразат гневот поради високите кирии и недостигот на станови.

Протестот се одржа во центарот на тој град, а многумина носеа натписи „Малага не е на продажба“ и „Ова не е туризам, ова е инвазија“.

Околу 25.000 луѓе учествуваа на протестот, соопштија организаторите, иако весникот El País објави дека присуствувале 15.000.

Градот е последниот во голем број шпански градови што забележа вакви протести против масовниот туризам, откако слични се одржаа и во други популарни туристички дестинации, вклучувајќи ги Мајорка, Барселона и Канарските Острови.

Еден од најголемите протести во Малага

Протестот во Малага беше еден од најголемите што градот ги имал во последно време, јавуваат неколку шпански медиуми.

Протестот го организираше здружението на станари Sindicato de Inquilinos e Inquilinas, кое соопшти дека зголемениот број туристи и бројните станови се причина за недостигот од станбен простор и други проблеми во градот.

„Градот страда и има многу незадоволство. Пред сè, проблемот со домувањето треба да се стави на маса“, рече портпаролот на организаторот Куро Мачука, објави El País.

На протестот се појави и палестинското знаме.

Малага има повеќе од 12.000 легално регистрирани викендички, повеќе од кој било друг шпански град освен Мадрид и Барселона. Покрај тоа, многу приватни викендички во Малага и на други места работат нелегално.

„Ситуацијата е неодржлива. Невозможно е да се купи куќа“, рече демонстрантката Марија Франко.

Инженерката Соња Раја за медиумите изјавила дека неодамна видела гаража без прозорци во Малага која се нуди како стан за месечна кирија од 600 евра.

Тагови
реклама

Како содата бикарбона може да се користи за здравствени цели?

Read more

Посни плескавици од тиквички и модар патлиџан

Read more

Зошто Кејт Мидлтон не ја изгуби косата по хемотерапијата?

Read more

Шокантни цени во Грција: Две лежалки и чадор 60 евра

Read more

Свет

Горд сум што сум Американец: Трамп ја поздрави одлуката на Врховниот суд за неговиот делумен имунитет

Read more

Русија ги попречувала сателитите во Европа, ОН реагира

Read more

Дали ЕУ ќе игра како што ќе свири Виктор Орбан во наредните 6 месеци?

Read more

Аргентина тврди дека пучот во Боливија бил режиран и дека на земјата ѝ се заканува диктатура

Read more
 

Вести

Монографија за Питу Гули од Кочо Топузоски

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е чувар на фотелјата на Заев

Читај повеќе

Горд сум што сум Американец: Трамп ја поздрави одлуката на Врховниот суд за неговиот делумен имунитет

Читај повеќе

Без вода делови од Општина Ѓорче Петров

Читај повеќе

Променливо облачно, во текот на денот на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме

Читај повеќе

Времена забрана за движење на тешки товарни возила на патиштата во државата

Читај повеќе

Русија ги попречувала сателитите во Европа, ОН реагира

Читај повеќе
  • play_arrow

Албански планинари го отстранија македонското знаме од Кораб и го закачија албанското 

Читај повеќе

37-годишен маж од Кочани осомничен за силување малолетничка

Читај повеќе