Горд сум што сум Американец: Трамп ја поздрави одлуката на Врховниот суд за неговиот делумен имунитет

Макфакс
/ 02.07.2024 / 08:16

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја поздрави денешната одлука на Врховниот суд на САД, која му овозможи да бара имунитет од гонење за некои од дејствијата што ги презеде за време на неговото претседателствување за да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година.

Трамп одлуката на Врховниот суд ја окарактеризира како голема победа за Уставот и демократијата.

„Голема победа за нашиот Устав и демократија. Горд сум што сум Американец“, напиша Трамп во објава на неговата платформа Truth Social.

Оваа одлука на Врховниот суд ја поништи одлуката на федералниот апелационен суд донесена во февруари оваа година, со која беше утврдено дека Трамп не ужива имунитет за наводните злосторства што ги направил за време на неговиот претседателски мандат за поништување на резултатите од изборите во 2020 година.

Трамп инсистираше на тоа дека не може да му се суди за дејствија кои датираат од неговото време како претседател на САД, вклучително и обвиненијата поврзани со нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година од страна на неговите поддржувачи во обид да го спречи Конгресот да ја потврди победата на неговиот демократски ривал Џо Бајден на претседателските избори.

реклама

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Кардиолозите советуваат колку јајца може да јадеме неделно

Read more

Што ќе му донесе младата Месечина на секој хороскопски знак?

Read more

Ураганот Берил ја погоди Јамајка, снимките што се споделуваат се застрашувачки

Read more

Свет

Објавени нови анкети: Трамп ја зголеми предноста пред Бајден по дебатата

Read more

Американскиот новинар Такер Карлсон најави интервју со Зеленски

Read more

Ураганот Берил ја погоди Јамајка, снимките што се споделуваат се застрашувачки

Read more

Американските демократи во паника: Кризата на Бајден станува сериозна закана

Read more
 

Вести

Објавени нови анкети: Трамп ја зголеми предноста пред Бајден по дебатата

Читај повеќе

Американскиот новинар Такер Карлсон најави интервју со Зеленски

Читај повеќе
  • play_arrow

Ураганот Берил ја погоди Јамајка, снимките што се споделуваат се застрашувачки

Читај повеќе

Без вода дел од Карпош

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди, максимална температура до 30 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Американските демократи во паника: Кризата на Бајден станува сериозна закана

Читај повеќе

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Читај повеќе

Министерката Јаневска ќе го менува концептот за инклузивно образование

Читај повеќе

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира, постигнат договор со приватниците

Читај повеќе