Вуков од Силверстоун: Се надевам дека малерот остана во Австрија

Македонскиот возач Ристо Вуков продолжува меѓу светската елита во Порше Суперкуп кој се вози пред трките на Формула 1.

На претходниот викенд во Австрија, патека каде што Вуков тренираше во претсезоната, тој успеа да се најде на 16. место на стартот и да биде во добра позиција за освојување нови бодови.

Сепак, ривалот Дирк Схоутен направи погрешна проценка и во вториот свиок по стартот со неприлагодена брзина влезе во свиокот, по што го удри Вуков и предизвика негово извртување и пад на последната позиција.

„Ривалите се одвоија, имаше голема разлика меѓу нас. Некогаш се случува да се има возило за безбедност, па човек ќе успее да фати чекор со групата, но овој пат тоа не се случи. Навистина жалам бидејќи ми пропадна одлична шанса за освојување поени. Автомобилот беше во одлична форма и немам зборови за професионалноста на мојот тим Омбра Рејсинг, кој застанува зад мене во тешките моменти“, рече Вуков.

По патеките „Имола“, „Монако“ и „Ред Бул Ринг“, овој викенд на програмата е трката на англиската „Силверстоун“.

„Се надевам дека малерите и проблемите не добија виза и останаа во Австрија. 'Силверстоун' е сосема поинаква патека каде што има свиоци низ кои возилото струи без да се допираат сопирачките. Патеката ми се допаѓа и верувам дека инженерите повторно ќе го тјунираат возилото на најоптимален начин. Најавени се променливи временски услови, но ќе видиме колку тоа ќе се погоди во термините од Порше Суперкуп. Со нетрпение очекувам да имам 'нормален' викенд во кој конечно потенцијалот што го имаме, ќе биде соодветно награден со бодови!“, заврши тој.

Трката се вози в недела на пладне, три часа пред онаа од Формула 1.

реклама

Заврши сослушувањето на новите сведоци во истрагата за убиството на Данка Илиќ

Read more

4 вида на храна што според експертите го зголемуваат вашиот струк

Read more
Нетанјаху: Иран распоредува опасно оружје во Сирија

Нетанјаху: Иран распоредува опасно оружје во Сирија

Read more
Пивара Скопје и Министерството за здравство го донираа второто Роса школо за родителство во Гостивар

Пивара Скопје и Министерството за здравство го донираа второто Роса школо за родителство во Гостивар

Read more

Останати спортови

Вуков од Силверстоун: Се надевам дека малерот остана во Австрија

Read more

Убиен е поранешниот светски шампион во скок во височина, по него се трагаше две недели

Read more

Најпознатата велосипедска трка Тур де Франс за прв пат стартува во Италија

Read more

Титмус постави нов светски рекорд на 200 метри слободно

Read more
 

Спорт

УЕФА им дозволи на Сити и Јунајтед да играат во исти натпреварувања со Жирона и Ница

Читај повеќе

Томас Милер се прости од репрезентацијата на Германија по поразот од Шпанија

Читај повеќе
  • play_arrow

Историско полуфинале на Канада на Копа Америка

Читај повеќе

Се подготвува трансфер бомба: Поранешна НБА ѕвезда доаѓа во Европа по 17 години минати во САД

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Германија не доби пенал кога Кукуреља со рака го запре ударот на Мусиала?

Читај повеќе

Правилото што УЕФА го воведе на ЕУРО ќе се применува и во клупските натпреварувања

Читај повеќе

УЕФА ги налути Турците: Демирал суспендиран, за Белингам само „условна“

Читај повеќе
  • play_arrow

Турците демантираат дека Демирал е суспендиран

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на Копа Америка: Паненката на Меси за малку ќе беше кобна за Аргентина

Читај повеќе