Министерката Јаневска ќе го менува концептот за инклузивно образование

Тоталната инклузија во образовниот процес на децата со посебни потреби кај нас, министерката за образование Весна Јаневска смета дека е неуспешна оти има родители и деца што се жалат дека со ваквиот концепт се дополнително дискриминирани.

Новата Влада бара друго решение за децата со посебни потреби за кое министерката Јаневска уверува дека нема да значи издвојување, селектирање или нивна дискриминација.

„Сите оние дечиња што може да одат во редовна настава, ќе си одат во редовна настава, но има родители и цели здруженија што се жалат дека нивните деца не може да ја следат таа настава затоа што ниту наставниците ниту образовните асистенти може да се справат со тој процес. Во еден клас со 34 деца, државата се труди да стави по едно дете, но некогаш се и по две и по три. Ним им треба посебно внимание“, рече Јаневска.

„Ќе бараме решение во правец на општински училишта со ресурсен центар, но само за оние што не може да следат редовна настава. За децата со мултихендикеп и за децата со повисока интелектуална попреченост предлагаме да останат таканаречените посебни училишта, го користам овој термин за да биде разбирливо и за родителите и за целата јавност. Притоа ќе им дадеме можност на родителите, што сега ја немаат, да изберат во согласност со комисијата за функционална процена во какво училиште или во какво училиште со ресурсен центар ќе сакаат нивните деца да учат“, вели министерката.

Оваа измена Јаневска вели дека ќе ја направат релативно бргу иако треба да се донесе и законско решение.

За измената, освен разговори со здруженија, со родители и со наставниците, Јаневска најави дека ќе ја вклучи и стручната јавност, односно експертите што со години се занимаваат со оваа проблематика од универзитетите и факултетите.

 

реклама

10 апарати во домот поради кои ви растат сметките за струја

Read more

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Судбински пресврт за 3 хороскопски знаци во јули

Read more

Топ 5 најдобри половни автомобили до 5.000 евра

Read more

Македонија

Таравари ќе бара мораториум за одредени специјализации за да се стимулираат онколози и патолози за кои има недостиг

Read more

Во кои училишта се препишувало најмногу на полагањето државна матура?

Read more

Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани

Read more

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност

Read more
 

Вести

Орбан и Путин се сретнаа, разговараа за Украина

Читај повеќе

Заврши сослушувањето на новите сведоци во истрагата за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Лежалките во прв ред до море во Грција и до 60 евра

Читај повеќе

Таравари ќе бара мораториум за одредени специјализации за да се стимулираат онколози и патолози за кои има недостиг

Читај повеќе

Во кои училишта се препишувало најмногу на полагањето државна матура?

Читај повеќе

Кој е Кир Стармер, новиот британски премиер?

Читај повеќе

Нов гаф на Бајден: Горд сум што сум првата црна жена...

Читај повеќе

Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани

Читај повеќе

Путин: Никогаш не би се согласил на примирје без одредени предуслови

Читај повеќе