Лежалките во прв ред до море во Грција и до 60 евра

Додека во некои делови на Грција е потребно да се издвојат десет евра за лежалки и чадори, во други тие чинат речиси колку едно ноќевање во апартман.

Цените на услугите во популарните одморалишта се менуваат секоја година. На нивниот ненадеен скок најмногу влијае зголемениот број туристи, но и моменталните економски услови.

Секоја година на социјалните мрежи посетителите на омилената летна дестинација Грција ги споделуваат своите искуства, односно каде има најголема гужва, кое е најдобро место за одмор и што на крајот им е најважно на сите - кои се цените на храна, пијалоци, лежалки и се останато.

Во Facebook групата Live from Greece еден следбеник сподели каква е моменталната ситуација во Кефалонија, на плажата Коста Коста. Чадор и две лежалки од 1 јули до 31 август чинат 40 евра, но за првиот ред лежалки треба да платите 60 евра, а за вториот ред 50 евра.

Членовите на групата веднаш ја искористија приликата да се пошегуваат со цената, што непријатно ги изненади.

„А последниот ред?“, „Лежалката е поскапа од креветот“, „Само ако станеш во шест часот наутро“, „На Кипар две лежалки и чадор се 7,5 евра на сите плажи“, „Првиот ред е во вода, затоа се поскапи“, напишаа други корисници во коментари под објавата за цените на лежалките.

Речиси секоја туристичка агенција, како и порталите посветени на летните одморалишта, секогаш укажуваат дека цените на лежалките и чадорите на плажите не треба да ги загрижуваат туристите бидејќи, според нив, секогаш има дел од плажата каде што можете да поставите ваш сопствен чадор и пешкир.

реклама

Која е Дара, Бугарката која победи на 70. Евровизија?

Read more

3 хороскопски знаци влегуваат во период на луксуз и богатство

Read more

Онколози препорачуваат што да појадувате за превенција од рак

Read more

18-годишно момче убиено со пиштол во шума кај Сарај

Read more

Регион

Лидерот на словенечката десница „ја смени песната“ за соработка со Јанша

Read more

Уапсен шефот на белградската полиција и поранешен советник на Вучиќ

Read more

Подгорица ја осуди изјавата на Вучиќ за годишнината од црногорската независност

Read more

Додик: Зеленски се обиде да купи оружје од 400 милиони евра од босанските муслимани

Read more
 

Вести

Мицкоски се пофали: Повторно сме со најниски цени на бензините и на дизел горивата

Читај повеќе

Лидерот на словенечката десница „ја смени песната“ за соработка со Јанша

Читај повеќе

18-годишно момче убиено со пиштол во шума кај Сарај

Читај повеќе

Истекоа отстапките од санкциите за руската нафта, САД се чини дека не ги продолжиле

Читај повеќе

Ердоган: Нема мир на Блискиот Исток додека не престанат израелските провокации

Читај повеќе

Уапсен 26-годишен скопјанец за уцена, при апсењето повредил полицајка

Читај повеќе

Малолетник со месеци принудувал 12-годишно девојче да му праќа голи снимки

Читај повеќе

Поради врнежи, дневната програма на „Виноскоп“ е одложена за утре

Читај повеќе

Емиратите неуспешно се обидоа да ги убедат Саудиска Арабија и Катар заедно да го нападнат Иран

Читај повеќе