КОНМЕБОЛ КОПА АМЕРИКА САД 2024

Катастрофа за домаќинот на Копа Америка: САД испадна со сите 11 играчи од Големата петорка

Фудбалерите на Соединетите Американски Држави доживеаја елиминација во групната фаза на Копа Америка на која се домаќини, а не им помогна ниту тоа што дојдоа со сите свои ѕвезди во надеж дека ќе се борат за трофејот.

Репрезентацијата на САД од година во година напредува, но сепак се збогуваа уште во најраната фаза на Копа Америка. За работите да бидат уште попогубни за домаќинот на ова натпреварување, од групата се пласираше една Панама, која по играчки кадар не може да се споредува со САД.

Подобра од САД во третото коло од групната фаза беше селекцијата на Уругвај, која славеше со 1:0 и со тоа од првото место и со сите 9 освоени бодови се пласираше во нокаут фазата на Копа Америка. Единствениот гол на натпреварот беше дело на Матиас Оливејра од 66. минута.

Remote video URL

Понатаму оди и селекцијата на Панама, која со лесни 3:1 беше подобра од Боливија, со што го зазеде второто место со 6 бода, пред САД кои освоија само 3. Хосе Фахардо во 22. минута отвори за Панамците, а израмни Бруно Миранда во 69-тата. По 10 минути Едуардо Гереро го врати водството, а печат на победата стави Сесар Јанис во 3. минута од надополнувањето. Боливија без бодови се прости од натпреварувањето.

Remote video URL

На САД не им помогна тоа што нивниот тим беше составен од стартни 11 играчи кои играат во лигите на европската Голема петорка. Лидери се Кристијан Пулишиќ од Милан и Вестон МекКени од Јувентус, а има пет играчи од англиската Премиер лига, тројца од италијанската Серија А, двајца од германската Бундеслига и еден од француската Лиг 1.

Сепак, пресуден за елиминацијата на САД беше поразот од 2:1 од Панама во второто коло кога по само 18 минути игра „Јенките“ останаа со играч помалку по крајно наивниот потег на Тимоти Веа, синот на легендарниот Жорж Веа, кога со бокс удри противнички играч. САД, иако со десетмина, успеа да поведе, но Панама потоа направи пресврт.

Remote video URL

Така, сега знаеме 7 од осумте патници во четвртфиналето. Понатаму поминаа Аргентина, Канада, Венецуела, Еквадор, Уругвај, Панама и Колумбија, а вечерва се очекува Бразил, кој игра токму против растеретената Колумбија, дополнително да го потврди пласманот за што му е доволен и бод.

реклама

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Кардиолозите советуваат колку јајца може да јадеме неделно

Read more

Што ќе му донесе младата Месечина на секој хороскопски знак?

Read more

Ураганот Берил ја погоди Јамајка, снимките што се споделуваат се застрашувачки

Read more

Фудбал

Роналдо во 2017 ги избра своите наследници - каде се денес?

Read more

Монтела: Холанѓаните се борат како лавови, но и ние играме со срце

Read more

Како му чукаше срцето на Роналдо пред пеналот против Словенија?

Read more

Ед Ширан настапи пред англиските фудбалери, коментарите се безмилосни

Read more
 

Спорт

Вуков од Силверстоун: Се надевам дека малерот остана во Австрија

Читај повеќе
  • filter

Роналдо во 2017 ги избра своите наследници - каде се денес?

Читај повеќе

Монтела: Холанѓаните се борат како лавови, но и ние играме со срце

Читај повеќе

Како му чукаше срцето на Роналдо пред пеналот против Словенија?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ед Ширан настапи пред англиските фудбалери, коментарите се безмилосни

Читај повеќе

Убиен е поранешниот светски шампион во скок во височина, по него се трагаше две недели

Читај повеќе
  • play_arrow

Херојот на Турција славеше со поздравот на Сивите волци и предизвика скандал, му прети казна

Читај повеќе

Познати сите четвртфинални двојки на ЕУРО и на Копа Америка

Читај повеќе
  • play_arrow

Лакрдија на Копа Америка: Во ВАР цртаа погрешни офсајд линии и не досудија пенал за Бразил

Читај повеќе