КОНМЕБОЛ КОПА АМЕРИКА САД 2024

Лакрдија на Копа Америка: Во ВАР цртаа погрешни офсајд линии и не досудија пенал за Бразил

Ноќеска со дербито помеѓу Бразил и Колумбија беше комплетирана групната фаза на Копа Америка, а натпреварот меѓу овие две репрезентации заврши 1:1.

Натпреварот го одбележаа две големи судиски грешки кои ги оштетија двете селекции и за среќа сето тоа не влијаеше на конечниот пласман во групата.

Бразил поведе со голот на Рафиња во 12. минута од натпреварот, а 7 минути подоцна судиите од ВАР собата изрежираа вистински циркус.

Имено, тие решија да го поништат голот на Давинсон Санчес по слободен удар, но при анализирање на ситуацијата со центаршутот исцртаа сосема погрешна линија.

Судиите ја гледаа ногата на Џон Кордоба, наместо Санчес, кој го постигна голот. Кордоба беше во офсајд и затоа голот беше поништен.

Колумбија сепак успеа да израмни во судиското надополнување на првото полувреме, кога Даниел Муњос погоди за 1:1 по асистенцијата на Кордоба.

Неколку минути пред тоа, ВАР уште еднаш потфрли, бидејќи и Бразил беше оштетен со судиската одлука. Винисиус беше соборен во шеснаесетникот, а очигледниот пенал не беше досуден.

Во вториот дел резултатот не се промени и остана 1:1, па Колумбија заврши како прва во групата и во четвртфиналето ќе оди на Панама, додека Бразилците имаат потешка задача и дуел со Уругвај.

За на Бразилците да им биде многу потешко се погрижи Винисиус, нивната прва ѕвезда, кој во 9. минута доби жолт картон и заработи суспензија за четвртфиналето.

реклама

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

Фудбал

Марсело замина во пензија

Read more

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Read more

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Read more

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Read more
 

Спорт

Откриени платите на Ф1 возачите за оваа сезона, разликите се огромни

Читај повеќе
  • play_arrow

Марсело замина во пензија

Читај повеќе

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Читај повеќе

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Читај повеќе

Хамилтон на заминувањето од Мерцедес на секој од 3.000 вработени му дал ист подарок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Читај повеќе

Фудбалерите до 21 година добија тешка квалификациска група

Читај повеќе
  • play_arrow

Одличната партија на Јокиќ во сенка на неговиот најголем МВП конкурент

Читај повеќе

Премиерлигашките судии од следната сезона на микрофон ќе ги објаснуваат ВАР одлуките

Читај повеќе