УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Фоуден: Не е виновен само селекторот, туку и ние играчите

Според обложувалниците, Англичаните и понатаму се први фаворити на ЕП, а избраниците на Герет Саутгејт се на пат до полуфиналето со Швајцарија, кој покажа сериозен квалитет со доминантниот настап против Италијанците во осминафиналето. Англичаните и Швајцарците ќе играат во сабота на 6 јули во Диселдорф.

Според мислењето на добар дел од фудбалската јавност, Англичаните не ја оправдаа улогата на фаворити иако се пласираа меѓу осумте најдобри.

Ремизираа со Словенците и Данците, а против Србија и Словачка забележаа макотрпно изборени минимални победи. Повеќето вината ја префрлаат на Герет Саутгејт.

Англискиот тренер го обвинуваат за невешт пристап иако има тим полн со играчи од светска класа на сите позиции и официјално највредниот тим на целиот турнир.

И покрај тоа, Англичаните не успеваат постојано да ги надигруваат противниците и се мета на критики, а во одбрана на селекторите сега застана Фил Фоуден, ѕвездата на Манчестер Сити и крило на репрезентацијата:

„Критиките против нас се оправдани, но ние играчите мораме да понесеме дел од нив. Тренерот ја одредува тактиката, нè става во систем, но на крајот сепак ние реагираме на теренот. Не е пријатно да се слушнат сите погрдни зборови против селекторот. Секоја екипа мора да има лидер, а исто така и некој што ќе реагира на вистински начин кога работите не одат како што треба.“

реклама

Фудбал

Уругвај на пенали го елиминира Бразил, познати полуфиналните двојки

Read more

УЕФА им дозволи на Сити и Јунајтед да играат во исти натпреварувања со Жирона и Ница

Read more

Томас Милер се прости од репрезентацијата на Германија по поразот од Шпанија

Read more

Историско полуфинале на Канада на Копа Америка

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Уругвај на пенали го елиминира Бразил, познати полуфиналните двојки

Читај повеќе

УЕФА им дозволи на Сити и Јунајтед да играат во исти натпреварувања со Жирона и Ница

Читај повеќе

Томас Милер се прости од репрезентацијата на Германија по поразот од Шпанија

Читај повеќе
  • play_arrow

Историско полуфинале на Канада на Копа Америка

Читај повеќе

Се подготвува трансфер бомба: Поранешна НБА ѕвезда доаѓа во Европа по 17 години минати во САД

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Германија не доби пенал кога Кукуреља со рака го запре ударот на Мусиала?

Читај повеќе

Правилото што УЕФА го воведе на ЕУРО ќе се применува и во клупските натпреварувања

Читај повеќе

УЕФА ги налути Турците: Демирал суспендиран, за Белингам само „условна“

Читај повеќе
  • play_arrow

Турците демантираат дека Демирал е суспендиран

Читај повеќе