СЕРИЈА А 2024/2025

Серија А го направи распоредот за новата сезона: Ќе се игра од петок до понеделник

Денеска на пладне почна жрепката за одредување на сите 38 кола во новата 2024/2025 сезона во Калчото.

Попладнево Лега Серие А го објави и целосниот распоред на натпревари за целата сезона. Возбнудувањата ќе почнат виекндот на 17 и 18 август, а секое коло ќе биде распослано на 4 дена, со по еден вечерен термин во петок и понеделник. Останува принципот натпреварите од втората полусезона да не бидат по ист редослед како во првата. Само едно коло (10-то) ќе биде вонредно.

Нема да има зимска пауза. Серија А ќе оди на пауза само за време на трите меѓународни прозорци на ФИФА (8 септември, 13 октомври, 17 ноември, 23 март). Ќе се играат натпревари за време на празничниот период за викендите на 22 декември, 29 декември и 5 јануари.

Бранителот на титулата, Интер, новата сезона ќе ја започне на гостувањето кај Џеноа, додека новакот Комо ќе му гостува на Јувентус на „Алианц“ стадионот. Милан ќе нагости Торино, додека Рома ќе се соочи со Каљари.

Рано во сезоната ќе пристигнат големи натпревари со Интер - Аталанта, Јувентус - Рома и Лацио - Милан, сите во 3. коло.

Миланското дерби е во 5. коло (22 септември), а торинското во 12. коло (10 ноември).

Навивачите на Рома и Лацио ќе мора да чекаат до новата година за ил Дерби дела Капитале, кое е закажано за 5 јануари во првото коло од календарската 2025 година.

Целосното видео од жрепката:

Remote video URL

Подолу е целосната листа со најатрактативните натпревари во Серија А за 2024/2025:

3. коло
Интер - Аталанта
Јувентус - Рома
Лацио - Милан

5. коло
Интер - Милан (Дерби дела Мадонина)
Јувентус - Наполи

7. коло
Фиорентина - Милан

8. коло
Јувентус - Лацио
Рома - Интер

9. коло
Болоња - Милан
Фиорентина - Рома
Интер - Јувентус
(Дерби д'Италија)

10. коло
Милан - Наполи

12. коло
Интер - Наполи
Јувентус - Торино
(Дерби дела Моле)
Рома - Болоња

13. коло
Милан - Јувентус
Наполи - Рома
(Дерби дел Соле)

14. коло
Фиорентина - Интер

15. коло
Аталанта - Милан
Јувентус - Болоња
Наполи - Лацио

16. коло
Болоња - Фиорентина (Дерби дел'Апенино)
Лацио - Интер

18. коло
Јувентус - Фиорентина
Лацио - Аталанта
Милан - Рома

19. коло
Аталанта - Јувентус
Фиорентина - Наполи
Рома - Лацио
(Дерби дела Капитале)

20. коло
Болоња - Рома
Торино - Јувентус
(Дерби дела Моле)

21. коло
Аталанта - Наполи
Јувентус - Милан

22. коло
Лацио - Фиорентина
Наполи - Јувентус

23. коло
Милан - Интер (Дерби дела Мадонина)
Рома - Наполи (Дерби дел Соле)

24. коло
Интер - Фиорентина

25. коло
Јувентус - Интер (Дерби д'Италија)
Лацио - Наполи

27. коло
Милан - Лацио
Наполи - Интер

28. коло
Јувентус - Аталанта
Наполи - Фиорентина

29. коло
Аталанта - Интер
Болоња - Лацио
Фиорентина - Јувентус

30. коло
Наполи - Милан

31. коло
Аталанта - Лацио
Болоња - Наполи
Милан - Фиорентина
Рома - Јувентус

32. коло
Лацио - Рома (Дерби дела Капитале)

33. коло
Болоња - Интер
Милан - Аталанта

34. коло
Интер - Рома

35. коло
Болоња - Јувентус
Рома - Фиорентина

36. коло
Аталанта - Рома
Лацио - Јувентус
Милан - Болоња

37. коло
Интер - Лацио
Рома - Милан
Фиорентина - Болоња
 (Дерби дел'Апенино)

Целосниот распоред во PDF е достапен тука.

Тагови
реклама

Фудбал

УЕФА им дозволи на Сити и Јунајтед да играат во исти натпреварувања со Жирона и Ница

Read more

Томас Милер се прости од репрезентацијата на Германија по поразот од Шпанија

Read more

Историско полуфинале на Канада на Копа Америка

Read more

Зошто Германија не доби пенал кога Кукуреља со рака го запре ударот на Мусиала?

Read more
 

Спорт

УЕФА им дозволи на Сити и Јунајтед да играат во исти натпреварувања со Жирона и Ница

Читај повеќе

Томас Милер се прости од репрезентацијата на Германија по поразот од Шпанија

Читај повеќе
  • play_arrow

Историско полуфинале на Канада на Копа Америка

Читај повеќе

Се подготвува трансфер бомба: Поранешна НБА ѕвезда доаѓа во Европа по 17 години минати во САД

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Германија не доби пенал кога Кукуреља со рака го запре ударот на Мусиала?

Читај повеќе

Правилото што УЕФА го воведе на ЕУРО ќе се применува и во клупските натпреварувања

Читај повеќе

УЕФА ги налути Турците: Демирал суспендиран, за Белингам само „условна“

Читај повеќе
  • play_arrow

Турците демантираат дека Демирал е суспендиран

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на Копа Америка: Паненката на Меси за малку ќе беше кобна за Аргентина

Читај повеќе