Познати сите четвртфинални двојки на ЕУРО и на Копа Америка

По вечерашните натпревари познати се сите четвртфинални двојки на Европското првенство во Германија и на Копа Америка во САД.

Така, во најдобрите осум на ЕУРО 2024 се пласираа Швајцарија, Германија, Англија, Шпанија, Франција, Португалија, Холандија и Турција.

Во четвртфиналето нѐ очекуваат спектакуларни натпревари кои ќе се играат во петок и сабота, а копјата ќе ги вкрстат Шпанија и Германија, Португалија и Франција, Англија и Швајцарија, односно Холандија и Турција.

Првите два споменати дуели се закажани за петок, додека другите два се еден ден подоцна, в сабота.

Сите натпревари од четвртфиналето ќе можете да ги гледате во директен пренос на МРТ1.

Распоред на четвртфиналните натпревари на ЕУРО 2024:

петок:

18:00 Шпанија - Германија (Штутгарт)

21:00 Португалија - Франција (Хамбург)

сабота:

18:00 Англија - Швајцарија (Диселдорф)

21:00 Холандија - Турција (Берлин)

За разлика од ЕУРО, на Копа Америка четвртфиналето почнува веднаш по фазата по групи оти таму учествуваат помалку репрезентации, 16. Ноќеска се доигра и последната група, а пласман во најдобрите осум изборија Аргентина, Канада, Венецуела, Еквадор, Уругвај, Панама, Колумбија и Бразил. Аргентина, Венецуела и Уругвај тоа го направија со максимален скор, а Аргентинците дури не примија ниту гол.

Најинтересниот дуел во четвртфиналето е секако старото големо дерби помеѓу Бразил и Уругвај. Бранителот Аргентина се чини дека има отворен пат до финалето оти доколку го мине Еквадор потоа ќе игра со победникот од дуелот на Венецуела и Канада.

Натпреварите од Копа Америка во Македонија можат да се следат низ преноси на каналите на Arena Premium.

Распоред на четвртфиналните натпревари на Копа Америка 2024:

четврток кон петок:

3:00 Аргентина - Еквадор (Хјустон, Тексас)

петок кон сабота:

3:00 Венецуела - Канада (Арлингтон, Тексас)

сабота кон недела:

0:00 Колумбија - Панама (Глендеил, Аризона)

3:00 Уругвај - Бразил (Перадајс, Невада)

реклама

Топ 5 најдобри половни автомобили до 5.000 евра

Read more

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Симптом на рак на простата што мажите често го игнорираат

Read more

Дали ги имате овие 3 среќни броеви во датумот на раѓање?

Read more

Фудбал

Правилото што УЕФА го воведе на ЕУРО ќе се применува и во клупските натпреварувања

Read more

УЕФА ги налути Турците: Демирал суспендиран, за Белингам само „условна“

Read more

Турците демантираат дека Демирал е суспендиран

Read more

Драма на Копа Америка: Паненката на Меси за малку ќе беше кобна за Аргентина

Read more
 

Спорт

Правилото што УЕФА го воведе на ЕУРО ќе се применува и во клупските натпреварувања

Читај повеќе

УЕФА ги налути Турците: Демирал суспендиран, за Белингам само „условна“

Читај повеќе
  • play_arrow

Турците демантираат дека Демирал е суспендиран

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на Копа Америка: Паненката на Меси за малку ќе беше кобна за Аргентина

Читај повеќе

Против малери: Андрих со нова фризура пред соочувањето со Шпанија

Читај повеќе

Крос: Верувам дека в петок нема да ми биде крајот

Читај повеќе

Фоуден: Не е виновен само селекторот, туку и ние играчите

Читај повеќе

Ѓоковиќ загуби сет против анонимус, виновен му беше навивач

Читај повеќе

УЕФА му прогледа низ прсти на Белингам

Читај повеќе