УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Херојот на Турција славеше со поздравот на Сивите волци и предизвика скандал, му прети казна

Херојот на Турција од осминафиналето, Мерих Демирал, би можел да биде казнет поради прославувањето на вториот гол против Австрија, која Турците ја совладаа со 2:1.

Демирал постигна два гола, а вториот на крај го прослави и со кренати раце високо во воздух додека гестикулираше со прстите покажувајќи го поздравот на турската ултранационалистичка организација Bozkurtlar (Бозкуртлар), односно Сиви волци.

Сивите волци претставуваат идеологија која тврди дека турската раса е супериорна во однос на другите и се стреми кон обединување во една земја од Балканот па сѐ до Кина.

„Начинот на кој го прославив голот има врска со мојот турски идентитет, затоа и го направив тој гест. Видов луѓе на стадионот со истиот гест, нема скриена порака“, изјави Демирал и истакна дека се надева ќе има уште една можност да го покаже спорниот поздрав.

„Сите сме Турци, јас сум многу горд што сум Турчин. Само сакав да покажам колку сум среќен, се надевам дека ќе има повеќе можности повторно да го покажам тој гест“, додаде тој.

Сивите волци се познати по нападите врз малцинските заедници во Турција и во странство, пред с Курдите, Грците, Арапите и Ерменците. Во 2021 година Европскиот парламент ги повика земјите-членки да го прогласат движењето Сиви волци за терористичко и да ја забранат групата во Европа.

Инаку, поздравот на Сивите волци е забранет во Австрија и за негово прикажување се плаќа казна од 4.000 евра, а каква одлука ќе донесе УЕФА за тоа, останува да видиме.

26-годишниот Демирал од лани игра за саудискиот Ал Ахли, а претходно настапуваше за Аталанта, Јувентус, Сасуоло, Спортинг и Алканененсе. Кариерата ја почна во младинскиот погон на Фенербахче.

За потсетување, Турција в сабота ќе игра четвртфинален натпревар против Холандија каде ќе се обиде да се пласира во полуфиналето.

Remote video URL
реклама

10 апарати во домот поради кои ви растат сметките за струја

Read more

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Судбински пресврт за 3 хороскопски знаци во јули

Read more

Топ 5 најдобри половни автомобили до 5.000 евра

Read more

Фудбал

Зошто Германија не доби пенал кога Кукуреља со рака го запре ударот на Мусиала?

Read more

Правилото што УЕФА го воведе на ЕУРО ќе се применува и во клупските натпреварувања

Read more

УЕФА ги налути Турците: Демирал суспендиран, за Белингам само „условна“

Read more

Турците демантираат дека Демирал е суспендиран

Read more
 

Спорт

Се подготвува трансфер бомба: поранешната НБА ѕвезда доаѓа во Европа по 17 години минати во Америка

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Германија не доби пенал кога Кукуреља со рака го запре ударот на Мусиала?

Читај повеќе

Правилото што УЕФА го воведе на ЕУРО ќе се применува и во клупските натпреварувања

Читај повеќе

УЕФА ги налути Турците: Демирал суспендиран, за Белингам само „условна“

Читај повеќе
  • play_arrow

Турците демантираат дека Демирал е суспендиран

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на Копа Америка: Паненката на Меси за малку ќе беше кобна за Аргентина

Читај повеќе

Против малери: Андрих со нова фризура пред соочувањето со Шпанија

Читај повеќе

Крос: Верувам дека в петок нема да ми биде крајот

Читај повеќе

Фоуден: Не е виновен само селекторот, туку и ние играчите

Читај повеќе