Монографија за Питу Гули од Кочо Топузоски

Во издание на Здружението за уметност и култура „Дијалог“ од Скопје, излезе од печат монографија за Питу Гули, историографски труд од познатиот македонски писател и публицист Кочо Топузоски.

Книгата е објавена во знак на одбележување на 120 години од загинувањето на легендарниот војвода од Мечкин Камен, Питу Гули (1865-1903), чиј животен и револуционерен век се поклопува со најзначајниот период од борбата на македонскиот народ за самостојност и за создавање национална држава, познат во историските традиции како илинденска епопеја.

Монографијата се појави во едицијата „Сведоштва“ и таа донесува обемен историографски материјал од архивски карактер, потоа од спомени, од изворни семејни кажувања, а користени се и материјали од весници, списанија и зборници. Книгата располага со низа факсимили од оригинални и до сега непознати документи и фотографии.

Кочо Топузоски (1951) е автор на повеќе книги од областа на поезијата и историографијата. Меѓу нив се и: „Ноќни делби“, поезија (1975); „Питу Гули – живот и потоа, историско-биографски осфрт“ (1995); „Болна прелест“, поезија (2003); „Питу Гули – живот и потоа“, дополнето издание (2003); „Никола Карев – живот и потоа“, монографија (2005); „Никола Карев – патешествија низ документи“, монографија (2008); „Препознавања“, поезија (2012); „Војводата Питу Гули“, монографија (2015); „Посланија и риданија“, поезија (2016); „Нафора мугреница“, поезија – избор на македонски, албански и влашки јазик (2017); „Ветераните на Илинден“, историографија (2017); „И жега и река“, поезија – избор (2020); „Илинденската споменица“, историографија (2023) и „Питу Гули“, монографија (2024).

Тагови
реклама

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more

Бројот на жртви во пожарот се искачи на 59, меѓу нив и полицаец

Read more

Тошковски: Дискотеката во Кочани немала легална лиценца за работа, починати се тројца малолетници

Read more

Како да направите совршено пире од компири?

Read more

Култура

Изложбата „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“ поставена во Чифте амам

Read more

Светска премиера на симфониската суита Итар Пејо во Филхармонија

Read more

Женското рели денеска ќе ги размрда улиците во Скопје

Read more

Cамостојна изложба на Анита Огњановска

Read more
 

Вести

Тошковски: Дискотеката во Кочани немала легална лиценца за работа, починати се тројца малолетници

Читај повеќе

Со авиони се транспортираат најтешко повредените од пожарот во Кочани во земјите од соседството

Читај повеќе

Обвинителскиот тим за пожарот во Кочани е проширен

Читај повеќе

Двајца пациенти се на респиратор, некои се со 60 отсто изгореници

Читај повеќе

Повеќето од починатите загинале во стампедото во дискотеката

Читај повеќе

Европските земји разговараат за воведување воен рок

Читај повеќе

Ќе биде прогласена 7 дневна жалост поради трагедијата во Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали српската полиција употреби звучен топ на вчерашните протести во Белград?

Читај повеќе
  • play_arrow

Бројот на жртви во пожарот се искачи на 59, меѓу нив и полицаец

Читај повеќе