Шокантни цени во Грција: Две лежалки и чадор 60 евра

Летната сезона е во полн ек, а според традицијата, голем број македонски граѓани ја избираат Грција како дестинација за совршен одмор.

Сепак, внимавајте доколку сакате да го поминете одморот во Ситонија, бидејќи на некои места може да ве чини цело богатство.

Десетици прекрасни плажи со уредени брегови можат да бидат мамка и да го испразнат и најдлабокиот џеб, бидејќи ќе платите голема сума пари само за изнајмување лежалка.

„Ги посетивме плажите на кои има сини знамиња и навистина се убави, но она што нè изненади е што на плажата Кокси цената за изнајмување две лежалки и еден чадор е 60 евра, а ако одите со семејството е дури двојно поскапа. Она што е досадно е што сред сезона не нудат апсолутно ништо освен лежалки, но немаат ни тоалет, па се запрашавме дали вреди да се платат толку пари само за лежалки, малку сонце и морска вода“, изјави изјави една туристка за агенцијата RINA.

Таа додаде дека, ако знаеш да истражуваш, со исто задоволство може да поминете многу поевтино, бидејќи Ситонија покрај организираните плажи е полна и со диви, но убави плажи.

„Отидовме на плажата Лагомандра, каде е трипати поевтино, цената на лежалките е 20 евра, со тоа што ако одите во група може и да се ценкате. Кафињата почнуваат од 4 евра, па сè до 6 евра, додека соковите се околу 3 евра, а ценовникот за храна се движи од 3 евра за крофна до 17 евра за семејна пица, што мислам дека е многу попристојно во споредба со плажата Кокси, иако се наоѓа во непосредна близина на луксузното одморалиште Порто Карас“, истакнува туристката.

Според неа, она што дефинитивно треба да го посетите е плажата Тигања која се одликува не само по гостопримството, туку и по услугата.

„Не само што потсетува на дива плажа, туку самиот пристап е многу различен, треба да ги поминете дел пеш, а кога ќе стигнете ве чека вистински мир, бидејќи оваа плажа сè уште е непозната за туристите. Не се наплаќаат лежалки или чадори, туку само она што го консумирате за време на престојот“, заклучи туристката која летува во Грција.

реклама

Двајца млади скопјани најдени починати

Read more

Какви промени носи младата Месечина во Стрелец?

Read more

Денешниот датум 12.12 е еден од најмоќните во годината – направете неколку симболични чекори за да ве следи среќа

Read more

Македонија и Србија не мораат да измислуваат „топла вода“ – таа ни е под земја

Read more

Живот

Денешниот датум 12.12 е еден од најмоќните во годината – направете неколку симболични чекори за да ве следи среќа

Read more

Какви промени носи младата Месечина во Стрелец?

Read more

Дали е паметно да ги изнесуваме децата надвор кога има магла?

Read more

Каде е најдобро да го чувате зеленчукот во зима?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Русин упадна во камион со возач без свест за да спречи сообраќајка

Читај повеќе

Денешниот датум 12.12 е еден од најмоќните во годината – направете неколку симболични чекори за да ве следи среќа

Читај повеќе
  • play_arrow

Лесен десерт за секоја пригода: Ролат со бисквити, ореви и банани

Читај повеќе

Клучен нутриент за здравјето на коските: 4 најчести причини за недостаток на витамин Д

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма над облаците: Австралиец скокаше од авион, падобранот се заглави во опашката

Читај повеќе

Кои се помалку познатите ерогени зони за фантастичен секс?

Читај повеќе

Какви промени носи младата Месечина во Стрелец?

Читај повеќе

Трчање во зима: Зошто ова е одлична фитнес идеја?

Читај повеќе

Конечно стигна „женската вијагра“: Како функционира?

Читај повеќе