Нудли со бело месо и зеленчук во соја сос

Азиската кујна секогаш ни носи многу вкусови и ароми, а така е и со овие тестенини, кои се направени со бело месо и зеленчук во соја сос. Идеални се за комбинирање со зачини и зеленчук по желба.

Нудлите се идеални за секаков вид на комбинации и вкусови, по слободно можете и да експериментирате.

Потребни состојки:

  • 300 гр нудли
  • 2 тиквички
  • 3 моркови
  • 1 целер
  • 1 црвена пиперка
  • 1 зелена пиперка
  • 200 гр слатка пченка
  • 250 гр шампињони
  • 1 пилешко филе
  • 1 главица виолетова зелка
  • масло
  • соја сос
  • 1 праз
  • сол
  • бибер
Подготовка:

Најпрво згответе ги тестенините според упатството на пакувањето. Пилешкото филе и зеленчукот (зелка, тиквички, пиперки, моркови и целер) исечкајте ги на тенки ленти по должина. Загрејте го маслото во тава и пропржете го празот, па додадете го месото и пржете го околу 5 минути, или додека не порумени. Потоа додадете ги шампињоните и откако ќе ја пуштат водата пропржете ги уште неколку минути.

Додадете го зеленчукот во тавата, оставајќи ја пченката за крај. Истурете соја сос по вкус и сè добро измешајте. Кога зеленчукот е речиси готов, додадете ги пченката и варените тестенини, посолете и побиберете, соединете сè и оставете ги соковите да се измешаат уште неколку минути.

реклама

10 апарати во домот поради кои ви растат сметките за струја

Read more

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Судбински пресврт за 3 хороскопски знаци во јули

Read more

Топ 5 најдобри половни автомобили до 5.000 евра

Read more

Рецепти

Лекција за почетници: Месење леб со Џејми Оливер

Научете како се меси леб со Џејми Оливер

Read more

Нудли со бело месо и зеленчук во соја сос

Read more

Лесен рецепт за домашен сладолед од малини

Read more

Посни плескавици од тиквички и модар патлиџан

Read more
 

Магазин

Рак на кожата може да се добие по само 15 минути поминати на сонце

Читај повеќе

Зошто треба да јадете моркови во лето?

Читај повеќе

Како ненадејните промени на времето влијаат на здравјето?

Читај повеќе

3 чекори како да ги обновите веѓите откако премногу сте ги истенчиле

Читај повеќе

10 апарати во домот поради кои ви растат сметките за струја

Читај повеќе

Судбински пресврт за 3 хороскопски знаци во јули

Читај повеќе

Фит контрола: Колку често треба да се мерите?

Читај повеќе

Дали е здрава туната од конзерва?

Читај повеќе
Во кој дел од денот сме најмногу расположени за секс?

Во кој дел од денот сме најмногу расположени за секс?

Читај повеќе