Шакира пред две години ја раскина 12-годишната врска со поранешниот фудбалер Џерард Пике, а колумбиската пејачка во најновото интервју зборуваше за животот по раскинувањето.

Поранешните партнери не останаа во добри односи, а Шакира зборуваше за нивното раскинување во The Tonight Show.
Таа откри дека не можела да се фокусира на својата музика додека била со Пике.
„Чат-пат работев нова музика, но ми беше тешко. Немав време поради бракот и партнерот. Сега сум без партнер, но, да, тој ме влечеше надолу. Сега сум слободна. Сега навистина можам да работам“, искрена беше пејачката.
„Имаше многу жртви за љубовта“, изјави во март колумбиската ѕвезда, која беше со поранешниот играч на Барселона од 2011 до 2022 година, а заедно имаат две деца, Милан (11) и Саша (9).
Откако ги добија двата сина, Шакира ја паузираше кариерата за да може да се посвети на воспитувањето на своите деца, а Пике да се фокусира на фудбалот. Последните години повремено објавуваше по една песна, но по паузата се затвори во музичко студио и во март годинава го претстави својот нов албум „Las Mujeres Ya No Lloran“ што во превод значи „Жените не плачат повеќе“, а најави и турнеја.
Песните од тој албум го зазедоа првото место на светските топ листи и освоија бројни награди и признанија.