Концертот „Најдоброто од Копров“ на Ана Петановска ќе се одржи утревечер, со почеток во 20:30 часот, во Националната опера и Балет.
Публиката ќе има можност да ужива во најголемите хитови компонирани од Григор Копров, како што се „Лиду ду“, „Остани во мене“, „Не зори зоро“, „Не допирај ме“, „Твоите бакнежи на моите бели кошули“, „Анушка“ и многу други.
Концертот преставува музичко патување низ долгогодишното творештво на Григор Копров во изведба на моќниот вокал на Ана Петановска со ексклузивните гости: мегаѕвездата Владо Јаневски, единствената Наде Талевска, топлиот вокал на Горан Наумовски и прекрасниот Денис Димоски, а во придружба на камерен оркестар.
Музички продуцент на настанот е Давор Јордановски.