Кога потењето е причина да побарате лекарска помош?

Потењето е природен процес со кој телото ја регулира телесната температура и се лади или реагира на стрес, но може да биде поврзано и со некои здравствени проблеми.

Ако овие денови обилно се потите, нема причина за грижа, тоа е природен начин за регулирање на телесната топлина кој се активира кога надвор е топло, кога сме физички активни или под поголем стрес. Во овој случај, активни се два вида потни жлезди: екрини (или таканаречени мерокрини жлезди) и апокрини жлезди.

Екрините жлезди се наоѓаат на кожата по целото тело, особено на дланките и стапалата и се активираат како одговор на високите температури и физичкиот напор.

Кога ќе се активираат, најчесто станува збор за водена пот која нема мирис или не е претерано непријатна. Од друга страна, апокрините жлезди се активираат како одговор на емоционално стресни ситуации (така, потењето е поврзано со хормоните) и се поврзани со производство на специфичен мирис на пот. Овие жлезди се наоѓаат под пазувите, околу брадавиците на градите, на некои делови од лицето (очните капаци и носот), на скалпот и во препоните. Нивната функција целосно се развива за време на пубертетот, па појавата на смрдлива пот се смета за еден од симптомите на пубертетот.

Може наеднаш да се испотите поради многу зачинета храна, кога пиете многу топол напиток (телото така се лади) и слично. Иако потењето е сосема нормален процес, постојат некои знаци кои можат да бидат поврзани со дисфункција на потните жлезди и може да укажуваат дека нешто не е во ред со вашето здравје.

Кога да се јавите на лекар?

Еве на што треба да обрнете внимание:

Многу солена пот: Нормално е потта да е солена, но ако е толку солена што ви ги пече очите, тоа е знак дека ви недостасува натриум. Ова може да го ублажите со солена храна (на пример, солени кикирики) или енергетски пијалоци кои содржат електролити.

Едвај се потите: Сите реагираме различно, но ако не се потите кога надвор е 40 степени Целзиусови или додека возите велосипед, потните жлезди можеби не ви работат добро. Состојбата се нарекува анхидроза и може да доведе до прегревање, дури и до топлотен удар, што е опасно по живот.

Прекумерно потење: Прекумерното потење се нарекува хиперхидроза и може да се случи дури и кога е студено времето, без причина, особено кај жените за време на менопаузата. Понекогаш може да биде опасно: ако прекумерно се потите ноќе или забележите губење на тежината заедно со потењето, вашето срце или тироидната жлезда може да бидат изложени на ризик.

Многу непријатен мирис: Потта нема мирис, но бактериите на влажна кожа може да доведат до непријатен мирис. Почесто туширајте се со обична вода, а со сапун тријте ги само местата каде што се задржува потта.

Потење во бременоста: Бремените жени се потат повеќе од вообичаено, што може да биде еден од првите симптоми на бременоста, дури и пред да сфатите дека носите бебе. Консумирајте многу вода, почесто туширајте се, носете широка облека и намалете ја зачинетата храна за да го ублажите проблемот.

реклама

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Кардиолозите советуваат колку јајца може да јадеме неделно

Read more

Топ 5 најдобри половни автомобили до 5.000 евра

Read more

Симптом на рак на простата што мажите често го игнорираат

Read more

Здравје

Што треба да јадете ако имате висок крвен притисок?

Read more

Симптом на рак на простата што мажите често го игнорираат

Read more

Што може секојдневното консумирање чоколадо да му направи на телото?

Read more

Летни десерти што може да се јадат без каење: Помагаат да се стабилизира шеќерот во крвта

Read more
 

Магазин

Во кој дел од денот сме најмногу расположени за секс?

Во кој дел од денот сме најмногу расположени за секс?

Читај повеќе

Зошто жените кои се сингл подолго време се посреќни во животот?

Читај повеќе
  • play_arrow
Лекција за почетници: Месење леб со Џејми Оливер

Научете како се меси леб со Џејми Оливер

Читај повеќе
  • play_arrow

Како алатките на Google Maps може да ви го олеснат летувањето?

Читај повеќе

Дали ги имате овие 3 среќни броеви во датумот на раѓање?

Читај повеќе

Што треба да јадете ако имате висок крвен притисок?

Читај повеќе

Симптом на рак на простата што мажите често го игнорираат

Читај повеќе

Што може секојдневното консумирање чоколадо да му направи на телото?

Читај повеќе

Три искрени причини зошто ви е тешко да најдете романтичен партнер

Читај повеќе