Зошто Кејт Мидлтон не ја изгуби косата по хемотерапијата?

Неодамна цел свет внимателно ја следеше Кејт Мидлтон кога таа се појави во јавноста откако на светот му ја соопшти својата здравствена дијагноза.

Таа дојде на традиционалната церемонија Trooping the Color, со која официјално се одбележува роденденот на британскиот монарх, моментално кралот Чарлс III.

Фотографиите ги преплавија социјалните мрежи, но многу фанови на кралското семејство и понатаму го поставуваат истото прашање - како е можно таа да не ја изгуби косата, а кон крајот на февруари почнала со хемотерапија?

Кејт Мидлтон е на хемотерапија веќе четири месеци. Сепак, според некои медицински експерти, не сите третмани со хемотерапија предизвикуваат опаѓање на косата.

Иако е познато дека некои лекови предизвикуваат значително слабеење или дури и губење на косата, други имаат помалку сериозни несакани ефекти.

„Не сите видови на хемотерапија предизвикуваат опаѓање на косата. Само одредени видови предизвикуваат опаѓање на косата, бидејќи делуваат на клетките кои брзо се размножуваат“, вели Керолин Герати, медицинска сестра во Cancer Research UK.

Медицинската сестра објасни дека не може да бидат засегнати само влакната на главата, туку и влакната по целото тело. Така, некои луѓе може да ја загубат косата, други веѓите или влакната на рацете.

„Меѓутоа, во некои случаи хемотерапијата не предизвикува опаѓање на косата, туку проретчување, но тоа е привремено. Откако ќе се прекине третманот, косата повторно почнува да расте. Бидејќи деталите за превентивната хемотерапија на која принцезата од Велс беше подложена не се објавени, можно е лековите што ги земала да не биле доволно силни за да предизвикаат опаѓање на косата“, објасни таа.

реклама

Уште една земја го призна Косово

Read more

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Read more

Полска се подготвува за војна, но кој е подготвен да умре за државата?

Read more

Живот

Најдобрата дестинација во Европа за женско соло патување оваа пролет

Read more

Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Read more

Предмети од домаќинството кои никогаш не треба да се чистат со вода

Read more

Кога е вистинското време бебето да почне да спие во своја соба?

Read more
 

Магазин

Пролетен умор: Зошто нè исцрпува и како да го надминеме овој медицински феномен?

Читај повеќе

Храна што може да го намали ризикот од рак на желудникот

Читај повеќе
  • play_arrow

8 најдобри вежби за поголеми и посилни мускули на нозете

Читај повеќе
  • filter

Најдобрата дестинација во Европа за женско соло патување оваа пролет

Читај повеќе
  • filter

Се продава венчаницата што Меланија ја носеше на свадбата со Доналд Трамп пред 20 години

Читај повеќе

Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереалниот план за лебдечки аеродром во Лондон вреден 76 милијарди долари

Читај повеќе

Две промени што треба да ги направите ако сте престанале да слабеете

Читај повеќе
  • play_arrow

Пилешко со компири во слатко-кисел сос

Читај повеќе