Дали скап фотоапарат ве прави подобар фотограф?
Претпоставуваме дека веќе имате подготвен одговор на ова прашање, но сепак да го разгледаме експериментот на дечките од Mango Street.
Аматер доби професионален скап фотоапарат, а профи фотограф снимаше со обичен апарат, а предмет на фотосесијата беше истиот модел во истото студио. Тимот имаше една цел: да покаже дека за добра фотографија треба да работите на вашите вештини, без разлика со каква опрема работите. Погледнете го видеото и видете дали ја одбранија тезата.