Како да препознаете зрела и сочна лубеница?

Со доаѓањето на летото, започна сезоната на лубениците, омилената летна храна за освежување.

Со задоволство се гледа на трпезите, особено во топлите денови, бидејќи има освежителен вкус и помага за гаснење на жедта. Можете да ја консумирате и ако сте на диета, бидејќи 100 грама од овој летен десерт содржи само 30 калории, а богат е со витамини А и Ц, магнезиум и калиум.

Кога купуваат лубеница, многу луѓе се во дилема која да ја изберат, односно не се сигурни која лубеница е зрела, слатка и сочна. Еве 7 знаци кои ќе ви помогнат да го изберете совршениот примерок.

Жолта точка

Повеќето лубеници имаат посветла точка на нив, што покажува каде лежеле во градината или на полето. Ако точката е жолта, дури и малку портокалова, тоа е знак дека лубеницата е зрела и слатка, а ако точката е бела, вкусот ќе биде помалку интензивен.

Сјај

Иако изгледаат привлечно, сјајните лубеници не се добар избор бидејќи не се доволно зрели и затоа не се вкусни. Дури откако кората ќе го изгуби сјајот, лубеницата е подготвена за берба.

Интензивни пруги

Повеќето лубеници на домашниот пазар имаат препознатливи светли и темни пруги. Експертите велат дека бојата на пругите исто така кажува за зрелоста на лубеницата. Ако зелените ленти се интензивни, а светлите се жолтеникави, тоа е добар знак, лубеницата е подготвена за консумирање.

Дамки

Ако лубеницата има дамки на неа, не грижете се. И тоа е добар знак дека е навистина зрела и вкусна. Имено, тие дамки се отпечаток од исушени лисја и стебленца на кои лежел плодот додека созревал.

Тежина

Ако лубеницата е потешка отколку што изгледа на прв поглед, тоа значи дека е зрела и подготвена за консумирање. Колку е потешка, толку повеќе вода и сладост содржи.

Звук

Можеби најпопуларниот начин да се одреди зрелоста на лубеницата е да се потчукне нејзината површина. Ако испушта звук при удар, зрела е, но ако звукот е пригушен, може да се разочарате и по изглед и по вкус.

Форма

Лубениците со правилен облик се секогаш подобар избор од оние што имаат одредени испакнатини и слични неправилности кои укажуваат дека се одгледувани на места каде што не биле доволно изложени на сончева светлина.

Тагови
реклама

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Кардиолозите советуваат колку јајца може да јадеме неделно

Read more

Што ќе му донесе младата Месечина на секој хороскопски знак?

Read more

Ураганот Берил ја погоди Јамајка, снимките што се споделуваат се застрашувачки

Read more

Живот

4 хороскопски знаци кои летово ќе запловат во судбоносна врска

Read more

Што ќе му донесе младата Месечина на секој хороскопски знак?

Read more

Кога треба да почнете да го учите детето да биде одговорно со пари?

Read more

Дали носењето градник додека спиете го спречува опуштањето на градите?

Read more
 

Магазин

Летни десерти што може да се јадат без каење: Помагаат да се стабилизира шеќерот во крвта

Читај повеќе

4 хороскопски знаци кои летово ќе запловат во судбоносна врска

Читај повеќе

Што ќе му донесе младата Месечина на секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Кога треба да почнете да го учите детето да биде одговорно со пари?

Читај повеќе

6 причини зошто треба секој ден да излегувате на прошетка

Читај повеќе

Дали носењето градник додека спиете го спречува опуштањето на градите?

Читај повеќе

Како дрвјата во градовите спасуваат човечки животи?

Читај повеќе

Кое овошје ќе ве спаси од стомачни проблеми кога патувате?

Читај повеќе

Нудли со бело месо и зеленчук во соја сос

Читај повеќе