Како помина дебатата меѓу Бајден и Трамп?

Кајгана/Макфакс
/ 28.06.2024 / 10:19

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот републикански ривал Доналд Трамп разменија неколку лични навреди во долгоочекуваната дебатa.

Двајцата кандидати разменија i аргументи и критики за абортусот, имиграцијата, војните во Украина и Газа, нивното управување со економијата, па дури и го допреа своето играње голф.

Бајден првично звучеше несугурно и повремено пелтечеше во својот говор, додека поенергичниот Трамп почна серија вербални напади кои вклучија и неколку веќе „истрошени лаги“, вклучувајќи тврдења дека мигрантите предизвикале бран на криминал и дека демократите поддржуваат чедоморство, објави „Ројтерс“.

Двајца претставници на Белата куќа рекоа пред дебатата дека Бајден е настинат, но според Ројтерс, неговиот настап вознемири некои демократи и може да ја продлабочи загриженоста на гласачите дека 81-годишниот е премногу стар за уште еден четиригодишен мандат.

Еден од главните донатори на Бајден, кој сакаше да остане анонимен, изјави за Ројтерс дека настапот на Бајден е „дисквалификувачки“ и рече дека очекува нова рунда повици за тој да се повлече пред националната конвенција на партијата во август.

Бајден за Сторми Даниелс, Трамп за синот на Бајден Хантер

Како што се развиваше дебатата, се чинеше дека Бајден почна повеќе да се фокусира на нападот на Трамп, меѓу другото, нарекувајќи го „престапник“ поради неговото убедување за прикривање тајни плаќања на порно ѕвездата Сторми Даниелс.

Како одговор, Трамп потсети дека синот на Бајден, Хантер, неодамна беше осуден за лажење за употреба на дрога за да купи оружје.

Запрашан за нападот на толпата негови поддржувачи на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година, Трамп одби да прифати каква било одговорност и тврдеше дека многу од уапсените се невини.

За правото на абортус и мигрантите

Бајден го обвини Трамп дека овозможил укинување на правата за абортус низ целата земја со назначување на конзервативци во Врховниот суд на САД. Трамп одговори дека Бајден не поддржува никакви ограничувања за абортусот и тврди дека враќањето на ова прашање во државите е вистинската работа.

Трамп, исто така, рече дека Бајден не успеал да ја обезбеди јужната граница на САД, што донесе многу криминалци во земјата, обвинувајќи го Бајден за „мигрантски криминал“.

Бајден одговори дека претерува и повторно лаже.

Украина и Газа

Актуелниот американски претседател рече дека се сомнева оти Трамп ќе ги прифати изборните резултати доколку ги загуби, нарекувајќи го поранешниот претседател „лелекач“.

Кога станува збор за надворешната политика, Трамп го нарече повлекувањето на американските војници од Авганистан „најсрамниот ден во историјата на животот на нашата земја“.

Тој исто така ги повтори своите тврдења дека ќе стави крај на војната во Украина доколку биде реизбран, но повторно не даде никакви детали како ќе го постигне тоа. Тој исто така изјави дека условите што ги претстави рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната во Украина „не се прифатливи“.

Тој директно не одговори дали ќе поддржи независна палестинска држава за прекин на војната меѓу Израел и Хамас во Газа, но рече и дека минатогодишниот напад на Хамас врз Израел немаше да се случи доколку тој беше претседател.

За инфлацијата и пандемијата

Во студиото на Си-Ен-Ен во Атланта немаше публика, а двајцата кандидати не се ракуваа на почетокот на дебатата.

Првите прашања беа фокусирани на економијата, бидејќи анкетите покажуваат дека Американците се незадоволни од работата на администрацијата на Бајден.

Бајден призна дека инфлацијата била значително повисока отколку на почетокот на неговиот мандат, но исто така тврди дека заслужува признание за нејзиното задржување, особено во контекст на влијанието на пандемијата на коронавирусот.

Трамп тврдеше дека пред пандемијата на коронавирус, економијата на САД била најсилната во историјата и дека по избувнувањето на пандемијата, тој презел чекори за да спречи уште повеќе да се продлабочи економскиот слободен пад.

Бајден го обвини Трамп дека му оставил „страшна“ економија, додека Трамп рече дека справувањето со пандемијата на Бајден е „катастрофа“ и дека „инфлацијата апсолутно нè убива“.

Најстарите кандидати во историјата на САД

Бајден и Трамп се двајцата најстари кандидати за претседател на Соединетите Американски Држави во историјата, и двајцата влегоа во дебатата со политички ранливости кои претставуваат мешавина од ризик и можности. Пресметката се случува многу порано од вообичаено, повеќе од четири месеци пред изборите на 5 ноември и во време кога предизборните анкети предвидуваат мртва трка.

реклама

Голем месечен хороскоп за јули 2024

Read more

Зошто е важно да пиете кафе ако имате седечка работа?

Read more

Рани знаци на состојба која ја нарекуваат „тивок убиец“

Read more

Реал продава играч кој одигра 31 натпревар во текот на 9 години

Read more

Свет

Русија соопшти дека соборила 36 дронови испратени од Украина

Read more

Унгарија доаѓа на чело на Советот на ЕУ: Ова се приоритетите

Read more

Протест против масовниот туризам во Малага

Read more

Шефот на екстремната германска десница AfD се фали со нагло зголемен број на членови

Read more
 

Вести

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата

Читај повеќе
  • play_arrow

40 активни пожари горат низ Грција, еден во близина на Атина

Читај повеќе

МОН ќе ја исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Читај повеќе

Русија соопшти дека соборила 36 дронови испратени од Украина

Читај повеќе

Тошковски ќе го унапредува Центарот за обука во модерен центар за полициска обука

Читај повеќе

Унгарија доаѓа на чело на Советот на ЕУ: Ова се приоритетите

Читај повеќе

Протест против масовниот туризам во Малага

Читај повеќе

18-годишна девојка пријавила насилство од вонбрачниот сопруг

Читај повеќе

Сончево и многу топло време, температури до 38°C

Читај повеќе