УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Најголемиот малер на ЕУРО полуде по дуелот со Германија

Тешко е да се запамети кога фудбалер имаше толку кошмарни две минути како Јоаким Андерсен на натпреварот со неговата Данска против Германија, а дефанзивецот на Кристал Палас не се двоумеше да ги прозива судиите по натпреварот за тоа што се случи.

Во турбулентен натпревар од осминафиналето на Европското првенство, Германија ја совлада Данска со 2:0. Но, можеше да биде сосема поинаку доколку милиметрите надвладеаа во корист на Данска во клучните моменти.

При резултат 0:0 во 49. минута Јоаким Андерсен постигна гол за водство на Данска. Сепак, по интервенцијата на ВАР, таа беше откажана поради бизарен офсајд во кој милиметар или два од неговата копачка беа во недозволена положба.

Само две минути подоцна, топката го фати палецот на Андерсен во неговиот шеснаесетник, а судијата Мајкл Оливер повторно досуди пенал по интервенцијата на ВАР. Тогаш започна патот на Германија кон победата.

Дефанзивецот на Кристал Палас беше лут на судењето по самиот натпревар. Тој рече дека двете ситуации се спорни, но дека со сигурност може да каже дека пеналот не требало да биде досуден.

„Тоа е лудо, тоа воопшто не е пенал. Не можам да трчам со рацете зад грб и да играм фудбал. Раум беше на половина метар од мене и ја удри топката во мојата рака, па не гледам што Можев да направам за да го спречам тоа“, рече тој. Андерсен, а потоа се осврна поништениот гол:

„Оценката за офсајд исто така беше тешко да се објасни. Толку е минимална што навистина треба да ја барате, но сепак казната за тоа е најлудото нешто што некогаш сум го видел. Маргините го решија натпреварот. Ако примија Гол, убеден сум дека ќе го добиеа натпреварот Денеска не можете да разговарате со судиите“, додаде данскиот стопер.

Многу стручни коментатори се согласуваат со Андерсен дека пеналот не требало да биде досуден, меѓу кои и тренерот на Тотенхем, Анже Постекоглу, кој во програмата на ITV изјави дека по ова повеќе не може да го оправдува воведувањето на ВАР технологијата.

Тагови
реклама

Фудбал

Дали ќе има враќање по суспензијата за некогаш најскапиот фудбалер во светот?

Read more

Никна нов женски клуб во скопски Аеродром

Read more

Роналдо: Ова е моето последно ЕУРО

Read more

Катастрофа за домаќинот на Копа Америка: САД испадна со сите 11 играчи од Големата петорка

Read more
 

Спорт

Ѓоковиќ со совет до младите како да ги пребродат повредите: Верувам дека Калин бргу ќе се врати на терените

Читај повеќе

Дали ќе има враќање по суспензијата за некогаш најскапиот фудбалер во светот?

Читај повеќе

Политички скандал пред Олимписките игри: Рубљов одби да игра под неутрално знаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Никна нов женски клуб во скопски Аеродром

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо: Ова е моето последно ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Катастрофа за домаќинот на Копа Америка: САД испадна со сите 11 играчи од Големата петорка

Читај повеќе

Алкарас се помачи на стартот на Вимблдон, сепак мина понатаму

Читај повеќе
  • play_arrow

Мбапе за играњето со маска: Ужасно е, не гледам што се случува на теренот

Читај повеќе
  • play_arrow

Струга прави дрим тим: По Ристевски, потпиша и Спировски

Читај повеќе