Роналдо: Ова е моето последно ЕУРО

По 120 минути игра и изведување на пенали Кристијано Роналдо славеше победа против Словенија, но целиот натпревар за него беше вистински кошмар бидејќи противничкиот голман Јан Облак го доведе до солзи.

Роналдо се обидуваше да постигне гол во текот на целиот натпревар, но не му одеше според планираното. Четири пати изведе слободни удари, излезе и сам пред словенечкиот голман, но Облак во секоја прилика беше поуспешен.

Капката што ја прели чашата се случи во првото од двете продолженија од по 15 минути кога главниот судија Даниеле Орсато досуди пенал за Португалија. Роналдо ја презеде одговорноста, но Облак уште еднаш направи фантастична одбрана. По промашениот пенал, славниот Португалец беше обземен од емоции и не можеше да ги сокрие солзите на средината од теренот во Франкфурт.

Сепак, за време на пенал-рулетот, кој на крајот го реши патникот во четвртфиналето, Роналдо повторно ја презеде одговорноста шутирајќи прв и конечно го совлада Облак. По голот веднаш им се извини на португалските навивачи.

Remote video URL

За с се огласи по натпреварот и официјализираше дека летово се збогува со Европските првенства. Роналдо потврди дека ова му е последен настап на ЕУРО.

„Ова ќе биде моето последно Европско првенство, се разбира. Но, не сум трогнат поради тоа, туку поради ентузијазмот. Жал ми е за навивачите. Секогаш ќе го давам најдоброто од себе за овој дрес, без разлика дали промашувам или не. И ќе го правам тоа цел живот затоа што мора да се преземе одговорност“, рече Роналдо.

Португалците ќе имаат многу потешка задача во четвртфиналето, бидејќи ги очекува еден од фаворитите за европската титула, репрезентацијата на Франција, која вчера беше подобра од Белгија со 1:0. Франција досега воопшто не импресионираше на првентсвото и има големи проблеми со раелизацијата. Постигна само 3 гола на четирите натпревари, но 2 беа автогола на противничките играчи, а преостанатиот беше од пенал.

реклама

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Кардиолозите советуваат колку јајца може да јадеме неделно

Read more

Што ќе му донесе младата Месечина на секој хороскопски знак?

Read more

4 хороскопски знаци кои летово ќе запловат во судбоносна врска

Read more

Фудбал

Серија А го направи распоредот за новата сезона: Ќе се игра од петок до понеделник

Read more

Македонскиот Американец Кировски е нов директор во Милан

Read more

Само двајца голмани им одбраниле пенали и на Роналдо и на Меси

Read more

Роналдо во 2017 ги избра своите наследници - каде се денес?

Read more
 

Спорт

Серија А го направи распоредот за новата сезона: Ќе се игра од петок до понеделник

Читај повеќе

Македонскиот Американец Кировски е нов директор во Милан

Читај повеќе

Само двајца голмани им одбраниле пенали и на Роналдо и на Меси

Читај повеќе

Вуков од Силверстоун: Се надевам дека малерот остана во Австрија

Читај повеќе
  • filter

Роналдо во 2017 ги избра своите наследници - каде се денес?

Читај повеќе

Монтела: Холанѓаните се борат како лавови, но и ние играме со срце

Читај повеќе

Како му чукаше срцето на Роналдо пред пеналот против Словенија?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ед Ширан настапи пред англиските фудбалери, коментарите се безмилосни

Читај повеќе

Убиен е поранешниот светски шампион во скок во височина, по него се трагаше две недели

Читај повеќе