Македонскиот Американец Кировски е нов директор во Милан

Советникот на Red Bird, Златан Ибрахимовиќ, потврди дека поранешниот директор на Лос Анџелес Галакси, Јован Кировски, ќе биде одговорен за академијата на Милан, вклучувајќи го и Милан Футуро, вториот тим на „Росонерите“ чиј тренер е Даниеле Бонера.

Бонера беше официјално претставен како главен тренер на Милан Футуро на прес-конференција денеска.

„Росонерите“ неодамна го лансираа својот втор тим, кој ќе игра во Серија Чи во претстојната сезона 2024/2025.

Милан е третиот клуб во Серија А кој лансира втор тим, по Јувентус и Аталанта.

Кировски, поранешен американски фудбалер и поранешен технички директор на МЛС тимот Лос Анџелес Галакси, ќе го надгледува проектот, додека поранешниот дефанзивец на Милан, Бонера, ќе биде тренер.

Советникот на Red Bird, Ибрахимовиќ, денеска на прес-конференција го откри назначувањето на Бонера кога го потврди и ангажманот на Кировски. 48-годишниот Американец со македонско потекло беше присутен и Миланело.

„Кировски ќе биде одговорен за Милан Футуро“, изјави Ибрахимовиќ.

„Играше во многу клубови како професионален фудбалер, а доаѓа од САД. Работеше за ЛА Галакси, и за нас е профил од високо ниво. Тренер ќе биде Даниеле Бонера, кој има големо искуство како фудбалер и долги години настапуваше за Милан“, рече Ибра.

„Сакаме нашите таленти да имаат шанса да играат за првиот тим“, продолжи екс-напаѓачот, кој беше играч на ЛА Галакси кога Кировски беше во клубот.

„Јазот помеѓу сениорскиот тим и примавера е преголем. На 16 или 17 години, играч од примавера физички не е подготвен за првиот тим. Со Милан Футуро ќе имаат време да растат. Серија Чи е на друго ниво, а ние ги подготвуваме овие момци да играат со возрасните. Ќе биде многу тешко и мора да најдеме рамнотежа. Тоа е нова работа за нас, но ние сме подготвени и организирани, сѐ е под контрола.

„Сакаме да докажеме дека веруваме во нашите таленти и да им дадеме шанса да играат за првиот тим“, продолжи Ибра.

„Има дистанца помеѓу примавера и првиот тим. Примавера ќе тренира на теренот „Висмара“ бидејќи им треба желба и мотив да стигнат до сонот и да играат за првиот тим. Милан Футуро е чекор во средината, каде ќе играат нашите најголеми таленти“.

„Кировски ќе биде одговорен за растот на академијата. Ќе биде задолжен за трансферите и ќе биде одговорен за Милан Футуро и другите младински тимови. Ни требаше некој со иста амбиција и визија како нас. Некој што зборува ист јазик и има иста визија. Сакаме профили на високо ниво во секој оддел на клубот. Сакаме да бидеме најдобри и да дадеме сѐ од себе“.

Кировски, кој денес има 48 години, е роден во Ескондидо, Калифорнија како син на македонски имигранти. Кариерата ја почна во локалниот Номадс, но уште на 17 години беше скаутиран од Манчестер Јунајтед, за чиј прв тим сепак не заигра. Потоа настапуваше за Борусија Дортмунд, Фортуна Келн, Спортинг Лисабон, Кристал Палас, Бирмингем Сити, Лос Анџелес Галакси, Колорадо Рапидс и Сан Хосе 'Рткуејкс.

Десет години беше репрезентативец на САД одигрувајќи 62 натпревара на кои постигна 90 гола. Со САД играше на Голд купот, Копа Америка и Купот на конфедерации, но на Мундијал никогаш не отиде поради повреди.

реклама

Фудбал

УЕФА им дозволи на Сити и Јунајтед да играат во исти натпреварувања со Жирона и Ница

Read more

Томас Милер се прости од репрезентацијата на Германија по поразот од Шпанија

Read more

Историско полуфинале на Канада на Копа Америка

Read more

Зошто Германија не доби пенал кога Кукуреља со рака го запре ударот на Мусиала?

Read more
 

Спорт

УЕФА им дозволи на Сити и Јунајтед да играат во исти натпреварувања со Жирона и Ница

Читај повеќе

Томас Милер се прости од репрезентацијата на Германија по поразот од Шпанија

Читај повеќе
  • play_arrow

Историско полуфинале на Канада на Копа Америка

Читај повеќе

Се подготвува трансфер бомба: Поранешна НБА ѕвезда доаѓа во Европа по 17 години минати во САД

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Германија не доби пенал кога Кукуреља со рака го запре ударот на Мусиала?

Читај повеќе

Правилото што УЕФА го воведе на ЕУРО ќе се применува и во клупските натпреварувања

Читај повеќе

УЕФА ги налути Турците: Демирал суспендиран, за Белингам само „условна“

Читај повеќе
  • play_arrow

Турците демантираат дека Демирал е суспендиран

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на Копа Америка: Паненката на Меси за малку ќе беше кобна за Аргентина

Читај повеќе